Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.259 статии на македонски јазик и 348 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 10 октомври 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1582  Поради воведувањето на грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија.
1631  Саконската војска ја зазема Прага.
1889  Формиран колеџот Бернард.
1944  Во селото Жегљане, Кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегле XVI, XVII и XVIII македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци.
1946  Во Скопје, во црквата „Св. Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967  Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
1991  Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1993  Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.

Родени:

1813  Џузепе Верди — италијански композитор (п. 1901).
1892  Иво Андриќ — српски писател.
1901  Алберто Џакомети — италијански вајар и сликар.
1904  Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје.
1913  Клод Симон — француски писател.
1917  Телониус Монк — американски џез-музичар.
1923  Николас Парсонс — англиски глумец.
1930  Харолд Пинтер — англиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература.
1946  Наото Кан — јапонски политичар.
1953  Бисерка Вишниќ — југословенска ракометарка.
1953  Миџ Јур — шкотски поп-музичар.
1963  Драган Бјелогрлиќ — српски глумец.
1966  Тони Адамс — англиски фудбалер.
1969  Илија Зимбо — македонски музичар, прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет.
1974  Хулио Круз — аргентински фудбалер.
1983  Никос Спиропулос — грчки фудбалер.
1983  Џек Саворети — англиски поп-музичар.
1985  Антонио Пједра — шпански велосипедист.
1986  Пјер Ролан — француски велосипедист.
1991  Џердан Шаќири — швајцарски фудбалер.
2000  Феликс Енмеча — германски фудбалер.

Починале:

426  Атик — Цариградски патријарх.
1359  Хуго IV — крал на Кипар.
1636  Питер Бројгел Помладиот — фламански сликар.
1674  Томас Трахерн — англиски поет.
1837  Шарл Фурје — француски филозоф.
1930  Адолф Енглер — германски ботаничар.
1973  Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист.
1976  Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка.
1983  Ралф Ричардсон — англиски глумец.
1985  Јул Бринер — американски глумец.
1985  Орсон Велс — американски глумец и режисер.
2004  Кристофер Рив — американски глумец.
2014  Валери Карпов — руски и советски хокеар.
2025  Џон Лоџ — англиски рок-музичар, член на групата The Moody Blues.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Биста на римскиот војсководец Германик во вилата „Гети“, Калифорнија.
Дали сте знаеле...


Ниските Земји од 1556 до 1648 г.
Ниските Земји од 1556 до 1648 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.259 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич