Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 96.538 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Halobacteria.jpg

Археидомен на едноклеточни, микроскопски организми. Тие, како и бактериите, се прокариоти, што значи дека немаат клеточно јадро ниту мембрански органели.

Археите првично биле класифицирани како бактерии, под името архебактерии (во царството Архебактерии, лат. Archaebacteria), но оваа класификација е застарена. Клетките на археите имаат уникатни својства кои ги одделуваат од другите два домени на животот, бактериите и еукариотите. Археите понатаму се поделени на повеќе колена. Класификацијата е тешка бидејќи мнозинството видови не се изолирани во лабораторија, а биле детектирани само со анализа на нивните нуклеински киселини во примероци од нивната средина.

Археите и бактериите обично се слични по големина и форма, иако неколку археи имаат многу чудни облици, како што се плоснатите и коцкастите клетки на Haloquadratum walsbyi. И покрај оваа морфолошка сличност со бактериите, археите поседуваат гени и неколку метаболни патишта кои се поблиски со оние на еукариотите, како, на пример, ензимите вклучени во транскрипцијата и транслацијата. Другите аспекти на биохемијата на археите се уникатни, како што е присуството на етерски липиди во нивните клеточни мембрани. Археите користат повеќе извори на енергија од еукариотите; тие варираат од органски соединенија, како што се шеќерите, до амонијак, метални јони, па дури и водороден гас.

Археите толерантни на хиперсалинитет (Haloarchaea) користат сончева светлина како извор на енергија, а други видови археи го врзуваат неорганскиот јаглерод; сепак, за разлика од растенијата и цијанобактериите, не се откриени видови на археи кои ги вршат и двете активности заедно. Археите се размножуваат бесполово, со проста делба, фрагментација или пупење; за разлика од бактериите и еукариотите, не се познати видови кои формираат спори. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Pesenbach Kirche Innenraum 01.jpg
Внатрешност на селската црква „Св. Леонард“ во Пезенбах, Фелдкирхен на Дунав, Горна Австрија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Алексеј Леонов во 1974 г.
На денешен ден…

Денес е 16 октомври 2018 г.

Настани:

1689  Армијата на Хабзбуршката монархија го ослободува градот Видин од турска власт.
1813  Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира.
1925  Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот од Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници.
1945  Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1949  Николаос Захаријадис, лидерот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција.
1964  Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили.
1994  Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по прв пат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите.
2012  Откриена планетата Алфа Кентаур Bb — најблиска вонсончева планета до Земјата.

Родени:

1351  Џан Галеацо Висконти — војвода на Милано.
1801  Јосип Јелачиќ — хрватски бан.
1854  Карл Кауцки — чешко-австриски марксистички теоретичар.
1886  Давид Бен Гурион — израелски политичар.
1888  Јуџин О'Нил — американски писател, добитник на Нобеловата награда.
1906  Оскар Вајлд — британски писател.
1906  Клинт Брукс — американски литературен критичар.
1908  Кузман Сотировски — македонски фудбалер.
1908  Енвер Хоџа — албански комунистички државник.
1906  Дино Буцати — италијански новинар и писател.
1918  Луј Алтисер — француски филозоф.
1921  Славчо Стојменскинароден херој на Македонија.
1924  Панче Васоски — македонски глумец.
1927  Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година.
1938  Нико — германско-американска пејачка и глумица.
1950  Милош Бојаниќ — српски пејач.
1951  Драги Михајловски — македонски писател.
1953  Пауло Роберто Фалкао — бразилски фудбалер.
1954  Вера Чејковска — македонски писател.
1958  Тим Робинс — американски глумец.
1959  Гари Кемп — англиски поп-музичар, член на групата „Спандау балеј“ (Spandau Ballet).
1960  Боб Моулд — американски рок-музичар, член на групата „Хускер ду“ (Husker Du).
1963  Данко Цвјетичанин — хрватски и југословенски кошаркар.
1985  Кејси Стонер — австралиски возач.
1986  Ина — романска пејачка.

Починале:

1793  Марија Антоанета — француска кралица, сопруга на Луј XVI.
2003  Ласло Пап — унгарски боксер.
2007  Тоше Проески — македонска поп-ѕвезда.

Празници:

  Светски ден на храната
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич