Прејди на содржината

99942 Апофис

Од Википедија — слободната енциклопедија
99942 Апофис е подвижната бела точка во средината

99942 Апофис, познат и по неговата привремена ознака 2004 MN4астероид, чија орбита минува блиску до Земјата. Неговото откритие во 2004 г. предизвикало кратка загриженост, бидејќи првичните набљудувања претполагале дека астероидот има релативно голема веројатност да удри во Земјата во 2029 г. Дополнителните набљудувања ги подобруваат предвидувањата, исклучувајќи судир со Земјата или Месечината на 13 април 2029 г. (петок). Меѓутоа, постои можност за судир за време на блиското додавање во 2036 г. Шансите за тоа се проценуваат на 1 спрема 233.000.[1] Во случај на судир, релативно малата големина на Апофис (помеѓу 250 и 350 метри) би довела до месна, наместо глобална катастрофа.

Астероидот бил откриен од Рој Такер, Дејвид Толен и Фабрицио Бернарди на 19 јуни 2004 г. и го добил името по египетското божество Апофис (Апоп).

Нови податоци за астероидот Апофис се добиени со помош на вселенската опсерваторија „Хершел“. Претходните проценки покажуваат дека пречникот на Апофис е 270 ± 60 метри. Според ажурираните податоци, тоа е 325 ± 15 метри. 20-процентно зголемување на пречникот дава повеќе од 70 проценти зголемување на обемот и (под претпоставка на хомогеноста) масата на небесното тело. Апофис одразува само 23 % од светлината што паѓа на неговата површина.[2]

  1. „99942 Apophis (2004 MN4) Impact Risk“. web.archive.org. 2013-05-12. Архивирано од изворникот на 2013-05-12. Посетено на 2025-02-21.
  2. „Астрономы определили размеры пролетевшего мимо Земли астероида“. Lenta.ru. 2013-01-09. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 2013-01-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]