8 ноември (настани)
Изглед
| 392 | Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија. |
| 1620 | Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство. |
| 1793 | Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј. |
| 1889 | Монтана станала 41-ва држава на САД. |
| 1895 | Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците. |
| 1932 | Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД. |
| 1941 | Основана е Комунистичката партија на Албанија. |
| 1944 | НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга. |
| 1960 | Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД. |
| 1977 | Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. |
| 1995 | Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет. |
| 1995 | Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа. |
| 2016 | Доналд Трамп е избран за претседател на САД. |