8 мај (настани)
Изглед
| 1886 | Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалак подоцна наречен „Кока-Кола“. |
| 1898 | Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига, започната од англиски доселеници |
| 1902 | На Мартиник избувнал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен Пјер, убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале. |
| 1921 | Во Шведска е укината смртната казна. |
| 1945 | Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира. |
| 1992 | Република Филипини ја призна Република Македонија. |
| 1995 | Република Македонија и Република Сингапур воспоставиле дипломатски односи. |
| 2025 | Роберт Френсис Превост е избран за поглавар на Римокатоличката црква како Лав XIV. |