7 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
529  Во Константинопол бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis)) — кодификација на царските закони од II век до тогаш.
1348  Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа.
1795  Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
1906  Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија.
1939  Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија.
1945  Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.
1948  Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација.
1953  Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации.
1963  Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.
2005  Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир.
2012  Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави.