Американскиот поларен истражувач Роберт Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот Пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд (Пириева Земја) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот Пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.