6 август (настани)
Изглед
| 1825 | Боливија стекна независност од Шпанија. |
| 1900 | Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа го осудила на робија Даме Груев — еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност. |
| 1903 | Напишан е Крушевскиот манифест. |
| 1932 | Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот. |
| 1944 | Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини. |
| 1945 | САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија. |
| 1962 | Јамајка се стекнува со независност. |
| 2012 | Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот. |