677 Алтје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
677 Алтје
Откривање
ОткривачАвгуст Копф
Откриено воХајделберг
Откриено18 јануари 1909
Ознаки
1909 FR
Орбитални особености
Епоха 18 август 2005 (ЈД 2453600,5)
Апхел3,095 АЕ
Перихел2,814 АЕ
2,955 АЕ
Занесување0,048
5,079 a
288,078°
Наклон8,482°
272,951°
281,536°
Физички особености
Димензии29 км[1]
16,608 hr[1]
Албедо0,2794[1]
9,5[1]

677 Алтје е мала планета во Главниот астероиден појас којашто орбитира околу Сонцето, откриена од страна на Август Копф во Хајделберг на 18 јануари 1909 година. Објектот бил именуван по холандскиот пејач Алтје Нордевир-Редингјус.

Овој објект има геометриско албедо од 0.2794. Фотометричките набљудува во текот на 2008 покажале дека вртежниот период изнесува 16,6076 ± 0,0006 часа и има светлосна варијација од 0.30 ± 0.02.[2]

677 Алтје орбитира со околу 7/3 од Кирквудовиот јаз. Тоа значи дека објектот има орбитна резонанца од 7:3 во однос на Јупитер, исполнувајќи седум орбити за секои три орбити на планетата. За помалите објекти, ова обично наведува на заклучокот дека постои орбитна нестабилност, којашто причинува поместување кон различен орбитен период. 677 Алтје е премногу голема за нејзината орбита да биде поместена за повеќе од 0,01 АЕ за време на животниот век на Сончевиот систем. Поверојатно е дека орбитнитното заемодејство со џуџестата планета Церера можеби ја поместила неговата денешна орбита, бидејќи орбитата на 677 Алтје води кон релативно блиски средби со Церера.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „JPL Small-Body Database Browser: 677 Aaltje (1909 FR)“. Jet Propulsion Laboratory. 
  2. Oey, Julian (October 2009), „Lightcurve Analysis of Asteroids from Leura and Kingsgrove Observatory in the Second Half of 2008“, Bulletin of the Minor Planets Section of the Association of Lunar and Planetary Observers 36 (4): 162–164, Bibcode:2009MPBu...36..162O 
  3. Tsiganis, K.; Varvoglis, H.; Morbidelli, A. (November 2003), „Short-lived asteroids in the 7/3 Kirkwood gap and their relationship to the Koronis and Eos families“, Icarus 166 (1): 131–140, Bibcode:2003Icar..166..131T, doi:10.1016/j.icarus.2003.08.007 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]