63P/Вилт
Откривање | |
---|---|
Откривач | Паул Вилт во Цимервалдската опсерваторија, Швајцарија |
Откриена | 26 март 1960 |
Орбитални особености A | |
Афел | 9.2249 ае |
Перихел | 1.9508 ае |
Голема полуоска | 5.5906 ае |
Занесеност | 0.6509 |
Период | 13.21 год. |
Наклон | 19.7799° |
Последен перихел | 10 април 2013 |
Следен перихел | 6 јули 2026[1] |
63P/Вилт (меѓународно: 63P/Wild) - периодична комета во Сончевиот Систем со тековен орбитален период од 13,21 години.
Првпат била забележана од Паул Вилт во Цимервалдската опсерваторија на Астрономскиот институт во Берн, Швајцарија на фотографска плоча изложена на 26 март 1960 година, кој ја проценил нејзината светлина со магнитуда од 14,3. Нејзината елиптична орбита тогаш била пресметана дека има орбитален период од 13,17 години.[2]
Нејзиното предвидено повторно појавување во 1973 година било забележано од Елизабет Ромер од Поморската опсерваторија на Соединетите Држави, Флагстаф, Аризона со магнитуда од 17,5 степени. Иако не била најдена во 1986 година, таа била повторно откриена во 1999 година со магнитуда од околу 12.
Враќањето во 2013 година била умерено поволно со магнитуда повторно околу 12.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ЦМП
- ↑ „63P/Wild 1“. Посетено на 9 јануари 2021.
Комети со бројни ознаки | ||
---|---|---|
Претходна 62P/Цучиншан |
63P/Вилт | Следна 64P/Свифт–Херелс |