5 Seconds of Summer

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 5 секунди на летото 5sos)

5 Seconds of Summer ( 5 Секунди на летото ) е австралиски поп-рок бенд. Формиран e во Сиднеј во 2011 година. Бендот се состои од Luke Hemmings (вокалист, гитарист), Michel Clifford (гитарист, вокалист), Calum Hood (бас гитарист, вокалист) и Ashton Irwin (тапанист, вокалист).

Музичка Кариера[уреди | уреди извор]

5SOS започнaа во декември 2011 година кога Luke Hemmings, Michael Clifford и Calum Hood кои учеле во исти колеџ (Norwest Christian College), се собраа заедно и почнаа да објавуваа видеа на нивни препеани популарни песни на YouTube. Нивниот препев на песната од Крис Браун и Џастин Бибер "Next 2 You" доби над 600.000 прегледи на Youtube. Во Декември 2011 година, ним им се придружи тапанарот Ashton Irwin и така групата се формира целосно. Оттогаш тие добија над 5 милиони Youtube прегледи. Бендот привлече голем интерес од големите музички етикети и издавачи, и тогаш 5SOS потпишаа договор со Sony АТВ Музичка продукција. И покрај тоа што имаа промоција освен на Фејсбук и Твитер, нивниот првa песна достигна број 3 на табелата на iTunes во Австралија, и Топ 20 во Нов Зеланд и Шведска. Нивната популарност се зголеми уште еднаш, кога Louis Tomlinson од бендот One Direction ја слушна нивната песна 'Gotta get out' на Youtube и објави дека е 'Фан' на нивната музика. 5SOS повторно беа предмет на интерес за One Direction по издавањето на нивниот прв сингл, 'Out of my limit' на 19 ноември 2012 година, кога Niall Horan од бендот One Direction го објави нивниот видео клип на Твитер. 5SOS ја поминаа 2012 година пишувајќи и развивајќи на нивните песни со Кристијан Ло Русо и Џоел Чепмен на австралискиот бенд Ејми Мередит, со кои напишаа песни за нивниот албум 'Somewhere new EP' - Beside You (зад тебе) и Unpredictable (непредвидливи). 5 Seconds of Summer го издадоа нивниот прв сингл 'Out of my limit' на 19 ноември 2012 година, a нивниот видео клип достигна 100.000 пати гледаност на Youtube во рок од 24 часа. Во Декември 2012 година, момците се оддадoја на текстописачко патување во Лондон каде што тие пишуваа со различни музичари, меѓу кои се и McFly, Рој Стрејт , Ник Хоџсон , Кајзер чифс Џејми Скот, Џејк Гослинг, Стив Робсон и Џејмс Борн. На 14 февруари 2013 година, беше објавено дека 5SOS ќе бидат отворачи на концертите на One Direction на нивната турнеја 'Take Me Home'. Турнејата започна во арена О2 во Лондон на 23 февруари 2013 година, 5SOS им се приклучија на One Direction за концерти во Велика Британија, САД, Австралија и Нов Зеланд вклуќувајќи и повеќе држави.

Додека траеше паузата од Take Me Home турнеја, 5SOS се вратија дома во Австралија, каде што тие учестуваа на Националната турнеја, со продажба на сите датуми за концерти во рок од неколку минути.

На 24 февруари тие го прикачија видеото на нивниот ново направен VEVO канал на YOUTUBE. Името на видеото е "She looks so perfect (Таа изгледа толку прекрасно)". Исто така тие се во тек на својот нов албум.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Музичките влијанија на овој бенд се Blink-182, All Time Low, Ed Sheeran, Mayday Parade, Boys Like Girls и Busted.

Турнеи[уреди | уреди извор]

Во мај 2012 година,5SOS ги објавија датумите за концерти. Сите карти биле распродадени во рок од две минути со продажби, и така вторите концерти беа објавени во секој град, кој исто така беа распродадени за неколку минути. Следејќи го успехот на нивниот јуни 2012 издавањето на нивниот Unplugged ЕП, бендот се оддаде на својата турнеја. Во текот на Октомври 2012 година, 5SOS имаја турнеја низ Австралија со поддршка од повеќе познати музичари. На 3 ноември 2012 година, 5ЅОЅ го одигра својот прв меѓународен концерт во во Окленд, Нов Зеланд. 5ЅОЅ се приклучија на One Direction за нивнaта светска ' Take Me Home ' турнеја, која започна во Лондон на 23 февруари во 2013 година. На 17 мај 2013 година, 5ЅОЅ најави националена австралиска турнеја, нареченa "Pants Down Tour", што се вклучени датуми во Сиднеј, Перт, Бризбејн, Аделаида и Мелбурн, од кои сите се распродадоја за неколку минути.