Ова тело кружи околу Сонцето скоро на средина меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Орбиталното занесување е малку помало од она на Марс. Спорд податоците добиени од светлинската крива, Селена има вртежен период од 0,3947±0,0004 денови, или нешто под 9.5 часа.[1] За време на секоја ротација, привидната величина се менува за 0,27. Приближниот пречник на овој астероид изнесува 46 км.[2] (некои извори тврдат дека изнесува и 56 км.) Албедото е околу 7%, и е споредливо со она на Земјината Месечина.