4 јуни (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
781 п.н.е.  За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето.
1896  Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“.
1917  Доделени се првите Пулицерови награди во САД.
1920  Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и од населението.
1944  Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим.
1989  Протестите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството.
1989  Солидарност победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа.
2010  Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама.