45-ти јужен напоредник

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
45-ти јужен напоредник се наоѓа во Земја
45°
45-ти јужен напоредник

45-тиот јужен напоредник (45° ЈГШ) е напоредник кој лежи 45 степени јужно од Екваторот.

Оваа линија ја означува теоретската средина помеѓу Екваторот и Јужниот пол (вистинската средина е малку појужно, бидејќи Земјата не е правилна топка[1].

За разлика од нејзиниот северен еквивалент, оваа линија минува главно низ големи морски океански пространства. Минува низ Атлантскиот и Индискиот Океан, Австралазија, Тихиот Океан и Јужна Америка.

Почнувајќи од нултиот меридијан, па кон исток, напоредникот 45° ЈГШ минува низ:

Координати Земја, територија, море Белешки
45°00′ ЈГШ 0°00′ ИГД /  Атлантски Океан
45°00′ ЈГШ 20°00′ ИГД /  Индиски Океан
45°00′ ЈГШ 147°00′ ИГД /  Тихи Океан Тасманово Море
45°00′ ЈГШ 167°08′ ИГД /  Нов Зеланд Нов Зеланд Јужен Остров
45°00′ ЈГШ 171°06′ ИГД /  Тихи Океан Минунва веднаш јужно од островот Гвамблин,  Чиле
45°00′ ЈГШ 74°23′ ЗГД /   Чиле Островите од архипелагот Чонос: островите Џејмос и Мелчор, како и копното
45°00′ ЈГШ 71°33′ ЗГД /   Аргентина
45°00′ ЈГШ 65°35′ ЗГД /  Атлантски Океан


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]