3 август (настани)
Изглед
| 1492 | Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка. |
| 1909 | Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов. |
| 1914 | Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција. |
| 1936 | Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф. |
| 1949 | Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА). |
| 1960 | Нигер се стекнува со независност од Франција. |
| 2002 | Турција ја укинува смртната казна |
| 2013 | Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран |