Прејди на содржината

3I/ATLAS

Од Википедија — слободната енциклопедија
3I/ATLAS
3I/ATLAS снимена од вселенскиот телескоп „Хабл“ на 21 јули 2025 г.
Откривање
Откриена1 јули 2025
Други
ознаки
A11pl3Z
Орбитални особености A
Епоха15 јули 2025 (JD 2460871.5)
Набљудувања1,001
Вид орбитахиперболична (меѓуѕвездена)
Перихел1,3569 ± 0,0004 AU
Голема полуоска−0,26383 ± 0,00006 AU
Занесеност6,143 ± 0,003
Најг. орб. брзина68,3 км/с @ перихел
58 км/с @
Наклон175,11 ± 0,0002°
(ретрограден и наклонет 5°)
НРОС (Земја)0,3662 AU
НРОС (Јупитер)0,2466 AU
Вртежен период16,79 ± 0,23
Вкупна величина (M1)12,3 ± 0,7
Следен перихел29 октомври 2025 11:35 ± 00:0

3I/ATLAS, позната и како C/2025 N1 (ATLAS), а претходно како A11pl3Z — меѓуѕвездена комета откриена од станицата ATLAS (Систем за последно предупредување за судир на астероиди со Земјата, Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System) во Рио Уртадо, Чиле, на 1 јули 2025 г. Тогаш, таа влегувала во внатрешниот Сончев Систем, наоѓајќи се на растојание од 4,5 астрономски единици (670 милиони км) од Сонцето.

Кометата следи неврзана, хиперболична патека покрај Сонцето, со орбитално занесување од 6,14 и многу брза хиперболична прекумерна брзина од 58 км/с во однос на Сонцето. Таа е третиот меѓуѕвезден објект потврден дека минал низ Сончевиот Систем, по 1I/Оумуамуа (откриен во октомври 2017 г.) и 2I/Борисов (откриен во август 2019 г.).[1]

Големината на јадрото на 3I/ATLAS е неизвесна, бидејќи станува збор за активна комета опкружена со кома — дифузна обвивка создадена од ледена прашина исфрлена од површината на кометата поради испуштање гасови. Сонцето е одговорно за активноста на кометата, бидејќи го загрева нејзиното јадро за да го сублимира мразот во гас, кој подига прашина од површината на кометата и бега во вселената. Проценките за пречникот на јадрото на 3I/ATLAS се движат од 0,8 до 11 км, иако пречник кон долниот крај на опсегот е поверојатен. 3I/ATLAS ќе продолжи да развива кома од прашина и опашка додека се приближува кон Сонцето, што ќе ги усложни идните мерења на големината на јадрото на кометата.[2]

Откритие

[уреди | уреди извор]

3I/ATLAS за првпат е откриен при прегледот на небото од страна на ATLAS на 1 јули 2025 г. Тој се движел по небото по границата на соѕвездијата Змија и Стрелец, во близина на галактичката рамнина. Опсерваториите и љубителските астрономи веднаш почнале да го бараат овој објект на поранешни снимки, со цел да го зголемат опсервацискиот лак на 3I/ATLAS за да се прецизира неговата траекторија. Објектот е пронајден на снимки од 25 и 29 јуни 2025 г. Се прогнозира дека 3I/ATLAS ќе пролета на 28 милиони километри од Марс и (без да се земат предвид кометните својства) на небото на црвената планета ќе достигне 11-та ѕвездена величина, што ќе го направи одвај видлив за апаратот MRO.[3]

Набљудувања

[уреди | уреди извор]

Опсервацискиот лак на 3I/ATLAS, заклучно со 2 јули 2025 г., изнесувал 439,11 часа, а бројот на набљудувања достигнал 110. Судејќи според траекторијата на меѓуѕвездениот објект, тој ќе пролета од другата страна на Сонцето, што ќе ги отежни набљудувањата за време на максималното приближување до Земјата и во блиските денови. Брзината на објектот на небото е голема, што е својствено за меѓуѕвездените тела: 3I/ATLAS се движи по небесната сфера со брзина од 1,2 аголни секунди во минута.

3I/ATLAS бил пронајден на снимки направени со цифрената камера Legacy Survey of Space and Time (LSST), вградена во опсерваторијата Вера Рубин во Чиле, 10 дена пред службеното откривање. Овие набљудувања овозможиле да се одреди пречникот на јадрото на кометата — 11,2 ± 0,7 км.

Откривање на кометните својства

[уреди | уреди извор]

Набљудувањата од 2 јули 2025 г., со помош на Deep Random Survey (X09) во Чиле, Lowell Discovery Telescope (G37) во Аризона и телескопот „Канада-Франција-Хаваи“ (T14) во Мауна-Кеа, покажале кома и кратка опашка од 3 аголни секунди, што укажува дека објектот е комета. На 2 јули 2025 г. во 21:31 UT, МАС објавил за откривањето на 3I/ATLAS и на астероидот му додели ознака на меѓуѕвезден објект „3I“ (трет меѓуѕвезден објект по Оумуамуа и кометата Борисов). МАС исто така на 3I/ATLAS му доделил ознака на непериодична комета — C/2025 N1 (ATLAS).

Возраста на меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS може да изнесува повеќе од седум милијарди години.[4]

  1. „Inbound: Astronomers Discover Third Interstellar Object“. Universe Today (англиски). Посетено на 2025-07-30.
  2. O'Callaghan, Jonathan. „New Interstellar Object Is Full of Mysteries. Here's What Scientists Most Want to Learn“. Scientific American (англиски). Посетено на 2025-07-30.
  3. Whitt, Kelly Kizer (2025-07-16). „Interstellar object Comet 3I/ATLAS: What we know now“. earthsky.org (англиски). Посетено на 2025-07-30.
  4. Simion @Yonescat, Florin (2025-07-11). „Newly discovered interstellar object 'may be oldest comet ever seen'. The Royal Astronomical Society (англиски). Посетено на 2025-07-30.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]