39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004

Од Википедија — слободната енциклопедија

39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004[уреди | уреди извор]

Програма[уреди | уреди извор]

Во официјалната програма биле прикажани следниве претстави[1]:

Освен нив, во придружната програма биле прикажани претставите:

Награди[уреди | уреди извор]

На фестивалот биле доделени следниве награди: Награди на 39.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп:

1. Награда за рекламен материјал: Филип Јовановски и Иван Јерчиќ за рекламниот материјал од претставата „Три сестри“, НТ Битола.

2. Награда за кореографија и сценски движења: Кренаре Невзати-Кери и Александра Хонг за кореографијата во претставата „Гилгамеш“, Турски театар - Скопје.

3. Награда за млад глумец „Трајко Чоревски “: Јасмина Василева за улогата на Нина Заречнаја во претставата „Галеб “, НТ Куманово.

4. Награда за епизодна улога „Димче Трајковски “:Михајло Петровски-Џими за улогата на Ферапонт во претставата „Три сестри“, НТ Битола.

5. Награда за музика: Марјан Неќак за музиката во претставите „Марисол“, Драмски театар – Скопје и „Дервишот и смртта“, Албански театар - Скопје.

6. Награда за костимографија: Марија Пупучевска за костимите во претставата „Марисол“, Драмски театар – Скопје.

7. Награда за сценографија: Благој Мицевски за сценографијата во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.

8. Награда за режија: Слободан Унковски за режијата на претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје.

9. Награда за текст: Благоја Ристески-Платнар за претставата „Летни Силјане“, НТ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

10. Награда за современа сценска драматизација: Венко Андоновски за драматизацијата во претставата „Папокот на светот“, МНТ - Драма.

11. Награди за глумечки остварувања: Арта Мучај за улогата на Лаура во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Бајруш Мјаку за улогата на Капетанот во претставата „Татко“, Независен проект на Бајруш Мјаку – Скопје; Дејан Лилиќ за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“, Драмски театар - Скопје.

12. Награда за уметничко остварување на претстава во целина: Претставата „Татко“, во режија на Слободан Унковски, во изведба на Независната театарска продукција на Бајруш Мјаку – Скопје.на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2004“. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 2021-12-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]