Од Википедија — слободната енциклопедија
904
Солун бил освоен и уништен од Арапите . Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство .
1498
Кристифор Колумбо , на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад , а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка .
1908
По победата на Младотурската револуција , Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство “.
1941
Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа .
1945
Пјер Лавал , водачот на Вишиевска Франција , е уапсен од сојузничките војници во Австрија .
1954
Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2 , на Каракорум , кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата .
1964
Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината . Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј .
2006
На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро .