31 дивизија (југословенски партизани)
Изглед
| 31-ва словенечка дивизија | |
|---|---|
Знаме на Демократска Федерална Југославија (користено од партизаните) | |
| Активна | 1943–1945 |
| Земја | Демократска Федерална Југославија |
| Род | Југословенска партизанска Армија |
| Вид | Пешадија |
| Големина | ~3,300 (Ноември 1943) |
| Битки | Втората светска војна во Југославија |
| Команданти | |
| Истакнати команданти | Стане Поточа |
31-ва Словенечка дивизија била југословенска партизанска дивизија формирана на 6 октомври 1943 година во Западна Словенија. Била формирана од 7-ма Словенечка бригада, 16-та Словенечка бригада и Толминска бригада. Пред да биде преименувана при приклучувањето во 9-тиот корпус на 22 декември 1943 година, оваа дивизија била позната како 26-та Триглавска дивизија. Дивизијата дејствувала претежно во Словенија за време на своето постоење.