2 ноември (настани)
Изглед
| 676 | Дон станал папа. |
| 1570 | Голем наплив од Северното Море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица. |
| 1687 | Од султанскиот престол на Отоманското Царство бил симнат Мехмед IV. |
| 1789 | Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква. |
| 1795 | Француска револуција: Почеток на Францускиот директорат. |
| 1914 | Русија му објавила војна на Отоманското Царство. |
| 1936 | Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС). |
| 1936 | Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација Би-би-си (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес. |
| 1943 | Кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас. |
| 1953 | Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан. |
| 1956 | Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт. |
| 1965 | Албанскиот водач Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина. |
| 1991 | Вартоломеј I станал Вселенски патријарх. |
| 1988 | За првпат на семрежјето се појавил вирус. |
| 1999 | Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута. |
| 2004 | Џорџ Буш по вторпат станал претседател на САД. |