28 недели подоцна
| 28 недели подоцна | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Хуан Карлос Фреснадиљо |
| Продуцент |
|
| Сценарист |
|
| Главни улоги |
|
| Музика | Џон Марфи |
| Кинематографија | Енрике Чедијак |
| Монтажа | Крис Гил |
| Студио |
|
| Дистрибутер |
|
| Премиера | 26 април 2007 г. (Лондон) 11 мај 2007 г. (Обединето Кралство/САД) 29 јуни 2007 г. (Шпанија) |
| Времетраење | 99 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 15 милиони долари |
| Бруто-заработка | 72,3 милиони долари |
| Претходен | 28 дена подоцна |
| Следен | 28 години подоцна |
28 недели подоцна (англиски: 28 Weeks Later) — постапокалиптичен филм на ужасите од 2007 г. во режија на Хуан Карлос Фреснадиљо, кој е и соавтор на сценариото заедно со Роуан Џофе, Енрике Лопес Лавињ и Хесус Олмо. Филмот е продолжение на 28 дена подоцна (2002) и е втор дел од серијалот 28 дена подоцна.[1]
Главните улоги во филмот ги толкуваат Роберт Карлајл, Роуз Берн, Џереми Ренер, Харолд Перино и Идрис Елба. Дејството е сместено нешто повеќе од шест месеци по настаните од првиот филм и ги прикажува напорите на силите на НАТО, предводени од САД, да воспостават безбедна зона во Лондон. Приказната го следи прекршувањето на протоколот од страна на две млади деца (брат и сестра) што се обидуваат да најдат фотографија од својата мајка, што води до повторно внесување на „вирусот на бесот“ во безбедната зона.
Филмот бил премиерно прикажан на 11 мај 2007 г. во Обединетото Кралство и САД од страна на 20th Century Fox и Fox Atomic. Добил потврдни одзиви и заработил 72,3 милиони долари ширум светот. Следното продолжение, 28 години подоцна, било објавено на 20 јуни 2025 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Како последица на настаните опишани во претходниот филм, епидемијата на „вирусот на бесот“ го уништила речиси целото население на Британија. Неколкумина преживеани се засолниле во една куќа надвор од градот, но заразените упаднале и таму. Дон успева единствен да побегне, напуштајќи ја својата сопруга Елис.
Пет недели по почетокот на епидемијата, сите заразени умираат од глад. По 11 недели, американските трупи во составот на НАТО влегуваат во Лондон, а по 24 недели започнуваат работите за обнова на земјата. Главните настани во филмот се случуваат 28 недели по почетокот на епидемијата.
Преживеаните се сместени во „зелената зона“ — дел од Лондон под заштита на американската војска. Кај Дон се враќаат неговите деца: помалиот син Енди и постарата ќерка Тами, кои за време на епидемијата биле на одмор во странство. Дон низ солзи им раскажува дека мајка им била убиена од заразените, прикривајќи го фактот дека всушност ја оставил жива.
Енди сака да земе барем фотографија од мајка си, па децата тајно излегуваат од безбедната зона и одат до нивниот поранешен дом. Таму ја наоѓаат својата мајка жива. Војниците ги пронаоѓаат и сите тројца ги враќаат во зелената зона.
Кај Елис се наоѓаат траги од каснувања и се открива дека таа е асимптоматски носител на вирусот. Американскиот генерал наредува нејзино погубување, но во меѓувреме Дон влегува кај неа, бара прошка и ја бакнува. Преку бакнежот, вирусот се пренесува кај Дон; тој веднаш се преобразува, ја убива сопругата и излегува на слобода, сеејќи зараза низ базата.
Воените сили прогласуваат тревога и ги насочуваат граѓаните во скривница, каде што се наоѓа и Енди. Дон упадува во скривницата и започнува верижна реакција на зараза. Паничната толпа ги крши вратите и излегува надвор. Генералот дава наредба за убивање на сите граѓани.
Енди успева да избега низ вентилациската цевка и се среќава со сестра си и со биологот Скарлет, која се обидува да ги спаси децата бидејќи нивната крв можеби е клуч за лек. Им помага наредникот Дојл и заедно успеваат да го напуштат Кучешкиот Остров додека војската го пали со напалм.
Пилотот Флин доаѓа со вртолет по Дојл, но одбива да ги земе децата и Скарлет. Тогаш ги напаѓа толпа заразени, а пилотот ги убива со елисата на вртолетот. Се договараат за средба на стадионот „Вембли“.
Додека бегаат со кола, Дојл излегува да ја турне колата, но војниците го палат жив. Скарлет ги носи децата во метрото, каде што се разделуваат. Дон ги наоѓа, ја убива Скарлет и го каснува Енди. Тами е принудена да го убие сопствениот татко. Енди и сестра му стигнуваат до стадионот, каде Флин ги презема и ги пренесува во Франција.
Поминуваат 28 дена. Прикажан е напуштениот вртолет на Флин, додека група заразени трчаат кон Ајфеловата кула во Париз.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Имоџен Путс | Тами Харис |
| Макинтош Маглтон | Енди Харис |
| Роберт Карлајл | Доналд „Дон“ Харис |
| Роуз Берн | мајор Скарлет Рос |
| Џереми Ренер | наредник Дојл |
| Харолд Перино | Флин |
| Кетрин Макормак | Елис Харис |
| Идрис Елба | бригаден генерал Стоун |
| Гарфилд Морган | Џеф |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „28 Weeks Later - Production Notes“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на 15 јули 2007. Посетено на 17 јули 2007.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- 28 недели подоцна на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)