26 јуни (настани)
Изглед
| 1541 | Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франсиско Писаро. |
| 1819 | Патентиран е велосипедот. |
| 1941 | Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија. |
| 1945 | На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации. |
| 1948 | Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР. |
| 1948 | Вилијам Шокли го патентирал транзисторот. |
| 1959 | Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите Езера. |
| 1960 | Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност. |
| 1963 | Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“. |
| 1976 | Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот. |
| 2000 | Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени. |
| 2015 | Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава. |