25 ноември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1867  Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда.
1918  Поранешната австроунгарска покраина Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија.
1920  Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех.
1936  Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт
1939  Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија.
1965  Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.
1973  Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство.
1976  Суринам стекнува независност од Холандија
1977  Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор.
1990  ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место.