23 јануари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1556  Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина.
1793  Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960  Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
1968  Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973  Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
1991  Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
2015  Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.