22 ноември (настани)
1908 | Во Битола е усвоена албанската азбука. |
1943 | Либан стекнува независност од Франција. |
1963 | Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди. |
1974 | Генералното собрание на Обединетите Нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација. |
1986 | Победувајќи го актуелниот шампион Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил шампионската титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот шампион во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс. |
1991 | Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција. |