21 јуни (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1818  Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.
1935  Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.
1963  Франција ги повлече поморските сили од НАТО.
1990  Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.
1994  Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994  Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.
1996  Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.