17 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
1492  Изабела I Кастилјска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
1941  Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
1946  Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност.
1961  Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1969  Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка.
1970  Тешко оштетениот модул на ракетатаАполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
1971  Излегол првиот соло-албум на Пол МекартниMcCartney“.
1975  Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен.
1977  Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите.