14 август (настани)
Изглед
| 1457 | Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја — „Мајнчки псалтир“ (на сликата) отпечатена во црвена и црна боја. |
| 1784 | На островот Кодијак покрај Алјаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Алјаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари. |
| 1893 | Франција воведува регистрација на моторните возила. |
| 1941 | Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт . |
| 1945 | Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна. |
| 1947 | Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Комонвелтот. |
| 1949 | Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз. |
| 2009 | За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ламанш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот Oстров од останатиот дел од Европа. |