1310 Филигера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1310 Филигера
Откривање [1]
ОткривачФридрих Карл Арнолд Швасман
Откриено воБергедорф
Откриено28 февруари 1932
Ознаки
MPC ознака1310 илигера
Наречена по
Валтер Филигер (астроном)[2]
1932 DB · 1964 TC
Пресекувач на орбитата на Марс[1][3][4]
Орбитални особености [1]
Епоха 16 февруари 2017 (ЈД 2457800.5)
Параметар на неодреденост 0
Лак на набљудување84,70 а (30.937 денови)
Апхел3,2424 АЕ
Перихел1,5423 АЕ
2,3923 АЕ
Занесување0,3553
3,70 а (1.352 денови)
23,477°
0° 15м 59.04с / ден
Наклон21,074°
357,32°
88,721°
Земјино НОПР0,7168 AU
Физички особености
Димензии15,24 km (пресметан)[4]
7.830±0.005 h[5]
7.83001±0.00005 h[6]
7.834±0.001 h[7]
0.20 (assumed)[4]
B–V = 0,905[1]
U–B = 0,445[1]
Толен = S[1] · S[4]
11,45[1][4]

1310 Филигера, привремена ознака 1932 DB — каменест астероид и еден од поголемите пресекувачи на орбитата на Марс од внатрешните области на Главниот астероиден појас, со пречник поголем од 15 km. Бил откриен на 28 февруари 1932 година од германскиот астроном Фридрих Карл Арнолд Швасман во Бергедорф во Хамбург, Германија.[3]

Филигера е S тип астероид од Толеновата таксономска шема. Во орбита е околу Сонцето на растојание 1,5–3,2 АЕ еднаш на секои 3 години и 8 месеци (1.352 денови). Орбитата има занесување од 0,36 и наклон од 21° во однос на еклиптиката.[1] Не се направен претходни набљудувања и не бил забележан од порано. лакот на набљудување на телото започнува 10 дена по официјалното откритие првото набљудување од Кралската опсерваторија на Белгија.[3]

Во октомври 2001 година, првата вртежна светлосна крива на Филигера била добиена од атрономот Роберт Коф при Тортоновата опсерваторија (713) во Колорадо. Анализата на светлосната крива обезбедува добар вртежен период од 7,830 h со светлинска промена од 0,39 m (U=3).[5]Фотометриските набљудувања од астрономите Рене Рој, Раул Беренд и Пјер Антонини во февруари 2006 година, определиле период од 7,834 h и сетлосна велеичина од 0,36 м (U=3).[7] Во 2016 година, моделираните светлосни криви користејќи фотометриски податоци од различни извори, дале сличен период од 7,830 и втрежна оска од (3,63°) во еклиптички координати (U=n.a.).[6]

До сга не се објавени податоци од ниедно вселенско истражување за пречникот и албедото на Филигера. Според КАЛЛ се претпоставува стандардно албедо за каменсести астероиди од 0,20 и пречник од 15,24 km, со помош на апсолутна магнитуда од 11,45.[4] Врз основа на генеричките претворби во однос на претворањето магнитуда-пречник, Филигера би требала да биде со пречник меѓу 13 и 30 km и за албедото во распон од 0,05 до 0,25.[8]

Други поголеми астероиди кои ја пресекуваат орбитата на Марс се 132 Етра (43 km), 323 Брусија (36 km) и 2204 Љули (25 km).

Овој астероид е именуван во чест на швајцарскиот астроном Валтер Филигер (1872–1938), кој е откривач на астероидот од Главниот појас 428 Монахија во Минхен во 1897 година.[2] именувањето првпат е спомнато во Имињата на астероидите од Пол Хергет во 1955 година (H 120).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 "JPL Small-Body Database Browser: 1310 Villigera (1932 DB)" (2016-11-10 last obs.). Jet Propulsion Laboratory. конс. 17 January 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Schmadel, Lutz D. (2007). Dictionary of Minor Planet Names – (1310) Villigera. Springer Berlin Heidelberg. стр. 107. ISBN 978-3-540-00238-3. http://link.springer.com/referenceworkentry/10.1007/978-3-540-29925-7_1311. посет. 17 јануари 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "1310 Villigera (1932 DB)". Minor Planet Center. конс. 17 January 2017. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 "LCDB Data for (1310) Villigera". Asteroid Lightcurve Database (LCDB). конс. 17 January 2017. 
  5. 5,0 5,1 Koff, R. A. (јуни 2002 г). Lightcurve Photometry of 492 Gismonda, 1046 Edwin, and 1310 Villigera. „The Minor Planet Bulletin“ том  29: 25–26. Bibcode2002MPBu...29...25K. http://adsabs.harvard.edu/cgi-bin/bib_query?bibcode=2002MPBu...29...25K. посет. 17 јануари 2017 г. 
  6. 6,0 6,1 Hanus, J.; Durech, J.; Oszkiewicz, D. A.; Behrend, R.; Carry, B.; Delbo, M.; Adam, O.; Afonina, V.; и др. (февруари 2016 г). New and updated convex shape models of asteroids based on optical data from a large collaboration network. „Astronomy and Astrophysics“ том  586: 24. doi:10.1051/0004-6361/201527441. Bibcode2016A&A...586A.108H. https://arxiv.org/pdf/1510.07422v1.pdf. посет. 17 јануари 2017 г. 
  7. 7,0 7,1 Behrend, Raoul. "Asteroids and comets rotation curves – (1310) Villigera". Geneva Observatory. конс. 17 January 2017. 
  8. "Absolute Magnitude (H)". NASA/JPL. конс. 17 January 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]