Прејди на содржината

12-та германска армија

Од Википедија — слободната енциклопедија
12-та армија
германски: 12. Armee
Војници од 12-тата армија на Акропол во Атина
Активна13 октомври 1939 – 31 декември 1942
април - мај 1945
Земја Трет Рајх
Род Германска армија ( Вермахт)
ГолеминаАрмија
Дел одАрмиска група A (мај 1940)
OKH/OKW (1941)
OKW (1942/43)
БиткиБитка за Франција
Заземање на Југославија
Заземање на Грција
Битка за Берлин

12-та германска армија била една од германските армии кои учествувале во Втората светска војна.

Ја сочинувале 19 дивизии од кои 5 оклопни, 3 моторизирани, 8 пешадиски и 3 ридски. Сите овие дивизии биле групирани во Југозападна Бугарија а со дел и во Романија и имале за цел едновремен напад на Југославија и Грција.

Историја

[уреди | уреди извор]

Германската 12-та армија била формирана на 13 октомври 1939, на чело со генералот Вилхелм Лист. На почетокот била ангажирана на дефанзивни задачи долж линијата Зигфрид, а во 1940 година била вклучена во нападот и окупацијата на Франција. Подоцна, таа година, била преместена во Кралството Романија, со цел припрема за офанзива на Балканот.

Во февруари 1941, со договор помеѓу фелдмаршалот Лист и бугарскиот генералштаб бил овозможен премин на германските трупи. Ноќта на 28 февруари единиците на германската армија ја преминале реката Дунав и навлегле во Бугарија, каде се распределиле на стратешки позиции.

На 6 април, единиците на 12-та армија учествувале во инвазијата на Југославија и Грција. Прва капитулирала Југославија, а Грците после шестмесечна борба со Италијанците не биле во состојба да се спротивстават на 15-те дивизии на 12-та армија, од кои четири биле оклопни.

12-та армија станала Армиска група E (Heeresgruppe E) на 1 јануари 1943.

Команданти

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]