11 јули (настани)
Изглед
| 1921 | Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија. |
| 1946 | Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). |
| 1979 | Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето. |
| 1987 | Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата. |
| 1995 | Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
| 1995 | Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина. |
| 2000 | Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим. |
| 2008 | Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан. |