11 април (настани)
Изглед
| 1713 | Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век. |
| 1919 | На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот. |
| 1921 | Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД. |
| 1945 | Втора светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд. |
| 1964 | Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм. |
| 1991 | Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување. |
| 1992 | Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски. |
| 1995 | Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. |