11 август (настани)
Изглед
480 п.н.е. | Персијците под водство на Ксеркс I извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка. |
1918 | Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен. |
1929 | Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања. |
1934 | Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија. |
1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата. |
1960 | Чад прогласува независност. |
1966 | Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус. |
1972 | Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам. |
1999 | Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија. |
2003 | НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО. |