Прејди на содржината

10 работи што ги мразам кај тебе

Од Википедија — слободната енциклопедија
10 работи што ги мразам кај тебе
Плакатот на македонски јазик
РежисерЏил Џангер
ПродуцентЕндру Лазар
СценаристКарен Макалах-Лац
Кристен Смит
Главни улогиЏулија Стајлс
Хит Леџер
Џозеф Гордон-Левит
МузикаРичард Гибс
КинематографијаМарк Ирвин
МонтажаО. Николас Браун
СтудиоTouchstone Pictures
ДистрибутерBuena Vista Pictures Distribution
Премиера31 март 1999 г.
Времетраење97 минути
Земја САД
Јазик
Буџет13 милиони долари
Бруто-заработка53,5 милиони долари
IMDbID 0147800

10 работи што ги мразам кај тебе (англиски: 10 Things I Hate About You) — американска романтична комедија од 1999 г. со учество на Џулија Стајлс, Хит Леџер, Џозеф Гордон-Левит, Ендру Киган, Дејвид Крумхолц и Лариса Олејник.[1] Филмот е режиран од Џил Џангер и е делумно заснован на Шекспировата комедија „Кротењето на опаката“, пренесена во современо американско средно училиште. Ова се смета за филм што ја започнал кариерата на Хит Леџер. Во него тој има само 20 години.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Катарина Стратфорд учи во училиштето „Падуја“, има прилично сложен карактер и ги мрази сите момчиња од училиштето. Нејзината помлада симпатична сестра Бјанка е популарна меѓу машкиот дел од училиштето. Истовремено, таа го заинтересирува новиот ученик Камерон и месниот убавец — моделот Џои Донер. Нивниот татко, Волтер Стратфорд, не ѝ дозволува на Бјанка да оди на средби, бидејќи — „Во оваа куќа важат две правила. Правило бр. 1 — без средби до полнолетство. Правило бр. 2 — без средби до полнолетство“. Но кога таткото ќе дознае дека Катарина нема момче, воведува ново правило: Бјанка ќе може да оди на средба, ако оди и Кет. Бјанка му кажува на Камерон дека може да оди на средби ако Кет најде момче. Камерон организира забава и го наговара Џои да најде момче за Кет, а тој го поткупува месниот училиштен хулиган Патрик за оваа задача. Патрик се обидува да ѝ се додворува на Кет, но ништо не му оди од рака, тогаш Камерон дознава од Бјанка сѐ за интересите на сестра ѝ и го советува Патрик да се промени. Сестрите одат на забава, каде што Кет се опивува; Патрик ја освестува и ја носи дома, а Бјанка се разочарува од Џои и го моли Камерон да ја однесе до дома.

По забавата, Кет му се лути на Патрик бидејќи тој одбил да ја бакне, а Џои повторно му плаќа пари, бидејќи се приближува матурската вечер. Тој повторно мора да ѝ се додворува на Кет и на крајот се вљубува во неа. Катарина му простува, но не сака да оди на матурата. Бјанка го моли татко ѝ да ја пушти на матурската, но сѐ е бескорисно. Тогаш Кет ја раскажува приказната дека по разводот на родителите, таа спиела со Џои и после тоа се разделиле. Оттогаш се мразат еден со друг. Во последен миг, Кет одлучува да оди на матурата, а по Бјанка доаѓа Камерон. Џои е бесен што Камерон е со Бјанка. Тој налетува на Патрик, и Кет дознава дека тој бил платен.

Наредниот ден на училиште, Кет чита песна со наслов „10 работи што ги мразам кај тебе“. Во неа таа раскажува колку ја боли тоа што го направил Патрик и колку тој навистина ѝ е драг. Патрик е трогнат од нејзиното откровение. Кет истрчува од училницата и на паркиралиштето наоѓа гитара што Патрик ја купил со парите добиени од Џои. Кет му простува.

Глумец Улога
Хит Леџер Патрик Верона
Џулија Стајлс Катарина Стратфорд
Џозеф Гордон-Левит Камерон Џејмс
Лариса Олејник Бјанка Стратфорд
Дејвид Крамхолц Мајкл Екман
Ендру Киган Џои Донер
Лари Милер Волтер Стратфорд
Сузан Меј Прат Мендела
Гејбриел Јунион Честити Черч
Дерил Мичел господин Морган
Алисон Џени г-ѓа Перки
Дејвид Лижер господин Чапин
  1. ↑ Mullor, Mireia (9 јули 2024). „10 Things I Hate About You: The definitive oral history by the people who made it“. Digital Spy. Архивирано од изворникот 9 јули 2024. Посетено на 2 јануари 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]