Од Википедија — слободната енциклопедија
Поделбата на Македонија помеѓу окупаторските сили согласно одредбите на Букурешкиот договор од 1913 г.
1675
Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан .
1792
Француска револуција : Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна ), со што ја окончале монархијата.
1913
Потпишан Букурешкиот мировен договор , со катастрофални последици по Македонија и македонскиот народ . По Втората балканска војна , која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија , со цел да приграби поголем дел од Македонија . Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција . Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1969
Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка.
1977
Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц , попознат како Синот на Сем , сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства.
2000
Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org , светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди.
2005
Ли Сунг Сеп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестајно 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft .