100 девојки (стрип)

Од Википедија — слободната енциклопедија

100 девојки (англиски: 100 Girls) - стриповен серијал создаден од Адам Галардо и Тод Демонг, а издадена од „Arcana Studio“.[1]

Заплет[уреди | уреди извор]

Силвија Марк е тринаесетгодишно девојче кое се чувствува како исфрлена од другите деца на нејзина возраст. Таа прескокнала две одделенија, неверојатно е силна и има гимнастичка подвижност на олимписко ниво. Силвија исто така се чувствува нецелосна и повремено сонува чудни соништа. Ноќ по ноќ овие соништа се чини дека се предвесници на нешто темно. Она што не го знае е дека таа е само една од сто девојки создадени како дел од генетскиот експеримент, секоја со свои суперсили. Осум девојки биле изнесени од установата и тајно пораснале низ целата земја; Силвија била една од нив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shawn Patty. „100 Girls Coming to Arcana Studios“. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2006. Посетено на 25 октомври 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]