(Бес)конечни модели на расказот

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Бес)конечни модели на расказот
АвторСања Михајловиќ-Костадиновска
Изработувач на
корицата
Наталија Лукомска
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2018
Медиумпечатено издание, 190×120 mm
Страници136
ISBN978-608-4718-82-6

„(Бес)конечни модели на расказот“ — збирка раскази од македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Бегемот,[1] во рамките на библиотеката „Наше маало“. Таа била испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното издавање било финансирано од Министерството за култура[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 78 куси раскази, поделени во 13 циклуси:[3]

  • Почетнички раскази
* Млечно запче
* Лист, камен, ножички
* Вртимушка
* Жижица
* Куќичка за птици
* Пена од пиво
* Клацкалка
* Глуварче
  • Ситни раскази
* Мрсул
* Мамец
* Кесичка чај
* Голо пупе
* Гума за џвакање
* Приврзок за клуч
* Клопче
* Квака
* Мува во супа
  • Деликатесни раскази
* Зелка
* Десетка со кромид
* Сол и црн пипер
* Сладолед
* Лубеница
* Тулумба
  • Иритирачки раскази
* Мевце во заб
* Каменче во чевел
* Прдеж во лифт
* Трепка во око
* Дамка на маица
* Паста за заби при крај
* Скинато копче
* Резервна гума
* Коњско опавче
* Пепелник
* Плускавец
  • Патувачки раскази
* Куфер
* Несесер
* Количка за багаж
* Хотелско сапунче
* Знак каде што почнува еден град
* Знак каде што завршува еден град
  • Вселенски раскази
* Супернова
* Кратер
* Затемнување на Сонцето
  • Суеверни раскази
* Урочливи очи
* Талог од кафе
* Вретено
  • Функционални раскази
* Хефталка
* Стари чевли во нова кутија
* Табуретка
* Штипка
* Леѓен
* Жлеб
* Чепкалки за заби
* Игла и конец
* Мрежа за комарци
* Чергиче пред врата
* Помошни скали
* Кармин
  • Раскази за засолнување
* Гнездо
* Стреа
  • Раскази-стапици
* Пајажина
* Жива кал
* Печурка
  • Среќни раскази
* Детелина со четири листа
* Грепка
* Врба
* Џукела
  • Несреќни раскази
* Оглас
* Покојник
* Риба во аквариум
* Риба на суво
* Згазено куче
* Свиснати гради
  • Раскази со среќен почеток, а тажен крај
* Прашина под кревет
* Ветерница
* Нишало
* Еднојајчани близнаци
* Желка

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Расказите во збирката се поделени во повеќе циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, суеверни, функционални, опасни, раскази-стапици, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај итн. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност. Низ целата збирка се провлекува лудистичката постапка која е потенцирана со (само)иронична нота. Понекогаш, расказите звучат како филозофски искази. Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Тие нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување на мошне инвентивен и оригинален начин. Збирката претставува извонреден пример на жанрот кус расказ, кој во поново време доживува полет во македонската книжевност, и нема сомнение дека таа внесува многу свежина и дава значаен придонес не само за развојот на овој жанр, туку ја збогатува и македонската книжевност, воопшто.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (Бес)конечни модели на расказот
  2. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.
  3. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.
  4. Лидија Капушевска-Дракулевска, „За ракописот '(Бес)конечни модели на расказот' од Сања Михајловиќ-Костадиновска“, во: Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 131-134.