'Рбетна мрежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

'Рбетна мрежа (од анг. network backbone) — дел од инфраструктурата на една сметачка мрежа која поврзува различни делови на мрежа, овозможувајки патека за размена на информации помеѓу различни локални мрежи LANs or subnetworks.[1][2] 'Рбетната мрежа може да поврзе заедно различни мрежи во иста зграда, во различни згради во кампус околина,или во поширока област.Нормално, капацитетот на рбетната мрежа е поголем од мрежите на кои таа е поврзана.

Големи корпорации кои што имаат повеќе локации можат да имаат рбетна мрежа која што ги поврзува сите локации заедно, на пример,ако некој кластер сервер има потреба да биде пристапен од различени департменти на претпријатието што е смесено на различни географски места. Деловите на мрежната конекција (на пример: ethernet, wireless)кои што ги спојуваат овие департменти заедно најчесто се нарекуваат рбетна мрежа или мрежа-столб. Мрежниот застој најчесто се зема во предвид кога се дизајнира една ваква рбетна мрежа.

’Рбетните мрежи не треба да се мешаат со семрежна потпора.

Постојат две многу чести топологии на рбетната мрежа:

  • Bus Backbone-Магистрала рбетна мрежа
  • Star Backbone-Рбетна мрежа во вид на звезда

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. What is a Backbone?, Whatis.com, Accessed: June 25, 2007
  2. Backbone | Abinomics.com

Надворешни врски[уреди]