Нови Пламен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од „Novi Plamen“)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нови Пламен
Novi Plamen
Editors-in-ChiefФилип Ерчег
Младен Јакоповиќ
КатегорииСписание
ФреквенцијаQuarterly
Прво изданиемарт 2007
КомпанијаDemokratska misao
ДржаваХрватска
Вебсајтwww.noviplamen.org
ISSN1846-386X

Novi plamen (македонски: Нов пламен), чиј издавач е Demokratska misao од Загреб, е лево-ориентирано социјалистичко списание, кое ја продолжува традицијата на некогашното списание Plamen, основано 1919 година и уредувано од познатите хрватски интелектуалци и писатели Мирослав Крлежа и Аугуст Цесарец. Денешното име Novi plamen е, всушност, алузија на првичното Крлежино и Цесарчево списание Plamen.

Тематски списанието е ориентирано кон економските, политичките, општествените и културните прашање на современиот свет. Околу неговото подготвување и издавање ангажирани се, пред сѐ, интелектуалци од некогашните југословенски републики: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија. Меѓутоа, со него тесно соработуваат и значајни лево-ориентирани интелектуалци од повеќе други земји. [1]


Совет на списанието[уреди | уреди извор]

Советот, според својот состав, е интернационален. Како негов неформален претседател се смета познатиот американски граматичар и интелектуалец Ноам Чомски. Покрај него се и познатите Михаела Алберта, Кен Коутс, Дејвид Гребер, Богдан Денич, Џон Мек Донел, Кетрин Самари, Жан Циглер и други.

Од некогашните југословенски републики членови на Советот на списанието, помеѓу другите, се следниве филозофи, социолози, политиколози, писатели: Славој Жижек, Милорад Пуповац, Предраг Матвеевиќ, Надежда Чачиновиќ, Слободан Шнајдер, Љубомир Цуцуловски, Инослав Бешкер, Миодраг Живановиќ и други.

Соработници[уреди | уреди извор]

Помеѓу попознатите соработнци на Novi plamen се Растко Мочник, Соња Локар, Игор Мандиќ, дон Иван Грубишиќ, Тодор Куљиќ, Љубо Јурчиќ и други.

Активности[уреди | уреди извор]

Една од позначајните активности на списанието беше меѓународната научна конференција Participation, Self-management, Democracy (Партиципација, самоуправување и демократија), одржана во Загреб (2007) организирана во соработка со Demokratska misao и шведскиот Left International Forum.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Novi plamen na Balkanu“. Danas. конс. 2011-06-05. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]