Монте Карло (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Монте Карло“
Филмски постер
РежисерТомас Безуча
ПродуцентДениз ди Нови
Алисон Гринспан
Никол Кидман
Арнон Милчан
Главни улогиСелена Гомес
Лејтон Мистер
Кејти Касиди
Кори Монтејт
Енди МекДовел
МузикаМајкл Џајакино
КинематографијаЏонатан Браун
МонтажаЏефри Форд
СтудиоFox 2000 Pictures
Regency Enterprises
Di Novi Pictures
Дистрибутер20th Century Fox
Премиерајули 1 2011 (2011-07-01)
Времетраење109 минути
ЗемјаСоединетите Американски Држави
ЈазикАнглиски/Француски
Буџет20 милиони долари[1]
Бруто заработка43 милиони долари[2]

Филмот „Монте Карло“ е американска романтична комедија од 2011 година, во режија на Томас Безуча. Дениз Ди Нови, Алисон Гринспан, Никол Кидман и Арнон Милчан го продуцираа филмот за „Fox 2000 Pictures“ и „Regency Enterprises“. Продукцијата започна на 5 мај 2010 година, во Харгита, Романија. Улогите во филмот „Монте Карло“ ги играат Селена Гомес, Лејтон Местер и Кејти Касиди, три пријателки коишто имаат видни улоги во Монте Карло, Монако. Филмот е издаден на 1 јули 2011 година. Во филмот се појавува песната „Who says“ од Селена Гомес и „The Scene“, како и многу песни од британскиот пејач Мика.

Содржина[уреди | уреди извор]

Грејс Бенет е ученичка во едно средно училиште во Тексас, којашто работи како келнерка со својата најдобра другарка Ема Перкинс за да соберат пари за патувањето во Париз после матурирањето. Очувот на Грејс, ѝ плаќа на нејзината полусестра Мег Кели за да ги придружува во патувањето, и покрај тоа што дечкото на Ема, Овен ѝ предлага брак за да ја убеди да остане. Откако не успеаа да го стигнат својот туристички водич, трите девојки се засолнуваат од дождот во Париз во еден луксузен хотел. Таму, персоналот во хотелот и папараците ја помешуваат Грејс со славната британска наследничка Корделија Винтроп-Скот, близначката на Грејс којашто повеќе сака да си замине отколку да остане и да присуствува на аукција за Романска добротворна организација, на којашто таа го донира скапиот ѓердан од „Bulgari“. Американките ја поминуваат ноќта во апартманот на Корделија и следниот ден, слетуваат во Монте Карло со нејзиниот багаж.

Во Монте Карло, девојките се среќаваат со Тео Марчанд, синот на филантропот којшто ја пречекува Корделија. На Тео не му се допаѓа размазениот карактер на Корделија, но тој ги придружува на еден бал, каде што Грејс успешно ја одигрува улогата на Корделија пред нејзината тетка Алисија, а Ема танцува со еден принц.

Мег се поврзува со Рилеј, австралиски планинар, којшто за кратко време го запознава во Париз. Тие открија дека имаат многу заеднички нешта и поминуваат некое време заедно, пред таа да замине за Италија. Алисија го открива лажното претставување бидејќи Грејс не знае да игра поло. Таа верува дека нејзината размазена внука ангажирала девојка која си личи на неа за да ја замени додека таа се забавува, но не сака да ја прекине аукцијата на добротворната организација, па затоа ѝ се заканува на Грејс успешно да продолжи со лажното претставување или да ја уапсат. Пријатниот карактер на Корделија го привлекува Тео, а принцот на Ема ја поканува на забава на јахта. Ема за кратко го носи ѓерданот на Корделија пред да ѝ го даде на Мег за да го чува безбедно. На забавата на јахта таа не може да ја поднесе дрскоста на принцот кон слугите и си заминува.

Корделија пристига во Монте Карло, во исто време со Овен, којшто се надева дека ќе се смири со Ема. Откако Овен ќе ја помеша Корделија со Грејс, Корделија го открива лажното претставување. Таа дознава дека го нема ѓерданот бидејќи Мег заборавила да го земе од ранецот на Рилеј пред тој да замине за Франција и ја повикува полицијата. Девојките не успеваат да ја смират бесната Корделија. Иако Рилеј дознава и го враќа ѓерданот, Корделија се заканува дека ќе го повлече ѓерданот од аукцијата. Девојките, за да го спречат ова, ја врзуваат Корделија за да може Грејс повторно да се претстави како неа. Корделија бега и ја разоткрива измамата на Грејс за време на аукцијата. Таа бара да ја уапсат. Но бидејќи Грејс е искрена и јавно ќе признае сè, Алисија нуди 6 милиони евра за ѓерданот, за да ја спаси. На крајот на филмот, Мег го придружува Рилеј во неговото патување низ светот, Ема и Овен се селат во својот дом во Тексас, а Тео Марчанд и Грејс повторно се среќаваат во Романската добротворна организација.

Продукција[уреди | уреди извор]

Филмот „Монте Карло“ се заснова врз романот „Ловци на глави“(од анг. „Headhunters“) од Џулс Бас. Во романот се зборува за приказната за четирите млади жени од Тексас коишто се преправаат дека се богати наследнички додека бараат богати потенцијални сопрузи во Монте Карло. Таму се запознаваат со четворица жиголи коишто се претставуваат како богати плејбои. Телевизиската компанија „Fox“ ги откупи правата за романот за да направат филм според него во 1999 година, три години пред објавувањето на романот. Во 2005 година, холивудското професионално списание „Variety“ изјави дека браќата Џез и Џон Хенри Батерворт ќе го пишуваат сценариото. Исто така изјави и дека глумицата Никол Кидман се пријавила да ја игра главната улога како и да го режира филмот со Рик Шварц.

Подоцна, ги отпуштиле браќата Батерсворт , а го ангажирале Том Безуча за да го режира и да го допише сценариото на „Монте Карло“. Безуча и Марија Магнети ја враќаат назад првата верзија од сценариото до јули 2007 година. Таму глумеше Кидман „како една од трите среднозападни наставнички коишто одлучиле да го откажат неудобниот одмор и да се претстават како богати жени коишто се на одмор во Монако. Меѓутоа, во 2010 година, режисерите одново го напишаа сценариото на филмот откако се согласија дека филмот треба да биде помладешки. Безуча и Ејприл Блер го напишаа ажурираното сценарио и ги заменија трите наставнички со две ученички од средно училиште и една којашто неодамна матурирала. Филмот „Монте Карло“ беше снимен во Будимпешта - Унгарија, Дунакеси – Унгарија, Париз – Франција и Монте Карло – Монако. Снимањето започна на 5 мај во Будимпешта, а заврши на 7 јули 2010 година. Овој филм е првиот којшто го користи филмското студио на „Raleigh Studios“, Будимпешта.

Во март 2010 година, беше објавено дека според обновеното сценарио Селена Гомес ја игра една од главните улоги во филмот. За оваа улога, Гомес поминала неколку седмици за да игра поло и да вежба да имитира англиски акцент. Исто така, Лејтон Мистер склучи договор за една од главните улоги во тој месец, а Кејти Касиди ја играше улогата на Ема во април. Францускиот глумец Пјер Буланже го подготви својот дел - почетокот на филмот на англиски јазик.

Прифатеност[уреди | уреди извор]

Филмот „Монте Карло“ доби негативни критики од критичарите. Rotten Tomatoes соопштува дека 38% од 88 критики биле позитивни, како и 43 „метапоени“ на „Metacritic“. Бен Сачс од весникот „Chicago Reader“ изјави дека „филмот постигнува изненадувачки опсег од емоционални фиоритури, вклучувајќи неколку моменти на вистинско жалење, а завршува со дискретна морална лекција за вредноста на самопочитта над општествениот статус“. Сенди Чен од „Common Sense Media“ вели дека филмот е „бесмислен“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kaufman, Amy; Fritz, Ben (2011-06-30). „Movie Projector: 'Transformers' will detonate competition at holiday box office“. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на 2011-07-2. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Monte Carlo (2011) – Box Office Mojo“. Box Office Mojo. Посетено на February 22, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]