Моминска вечер (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Mоминска вечер“
Податотека:Bachelorette FilmPoster.jpeg
Промотивен постер
РежисерЛесли Хедленд
ПродуцентВил Ферел
Адам МекКеј
СценаристЛесли Хедленд
Главни улогиКирстен Данст
Ајла Фишер
Лизи Каплан
Џејмс Марсден
Кајл Борнхајмер
Ребел Вилсон
and Адам Скот
МузикаМајкл Вондмишер
КинематографијаДаг Емет
МонтажаЏефри Волф
СтудиоGary Sanchez Productions
BCDF Pictures
ДистрибутерThe Weinstein Company (USA)
Creative Artists Agency (ширум светот)
Премиерајануари 23 2012 (2012-01-23) (Sundance)
септември 7 2012 (2012-09-07) (САД)
Времетраење87 минути
ЗемјаСоединети Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет3 милиони американски долари
Бруто заработка10 058 116 американски долари

Филмот „Моминска вечер“ (од анг. „Bachalorette“) е американска комедија од 2012 година, чијшто сценарист и режисер е Лесли Хедленд (филмот се заснова врз нејзината драма), а продуценти се Вил Ферел и Адам МекКеј. Продукцијата на филмот се работеше во Њујорк, а неговата премиера одржа на 23 јануари 2012 година на филмскиот фестивал „Sundance“. Филмот се издаде на 7 септември 2012 година во Соединетите Држави.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Реган (Кирстен Данст) и Беки (Ребел Вилсон) ручаат. Беки ѝ кажува на Реган дека се верила со своето момче Дејл (Хејс Мекартур). Реган ѝ се јавува на своите другарки од средно Џина (Лизи Каплан) и Кејти (Ајла Фишер) и им кажува дека е многу вознемирена бидејќи таа сакала прва да се омажи, особено пред нејзината „дебела другарка“. Таа им се жали дека ќе мора да одат на венчавката.

Еден ден пред венчавката: Кејти е многу возбудена што ќе присуствува на венчавката. Не може да дочека повторно да се соберат сите другарки. Џина, којашто живее во Лос Анџелес, легнува со кој ќе стигне, во авионот разговара со момчето коешто седи до неа, за нејзиното поранешно момче, коешто ѝ „го уништило животот“ и коешто ќе присуствува на венчавката. Во исто време, Реган, којашто е старосватица, се однесува површно и злобно кон сите планови за венчавката. Трите другарки се собираат во хотелот и се мислат што да прават за дванаесетте часа по повод моминската вечер. Беки се возбудува заради тоа што ќе ги види своите две други другарки. Моминската вечер тече без подготовки, а Беки сака само да јадат сладолед и да се напијат шампањ по пробната вечера. Џина и Кејти, коишто сакаат голема забава, земаат кокаин. За време на вечерата, Кејти ѝ кажува на Џина дека изнајмила стриптизер за вечерта. Го запознаваме Тревор (Џејмс Марсден) којшто е деверот на свадбата, а Џина го гледа своето поранешно момче додека Кејти разговара со Џои (Кајл Борнхајмер) којшто порано учел заедно со девојките. Тревор кажува една непријатна шега за да наздрави, а пак братучедите на Беки рапуваат за неа. Џина станува за да наздрави и открива дека со Беки се запознале во тоалетот во нивното средно училиште и дека таа ја терала Џина да повраќа. Потоа во хотелскиот апартман доаѓа еден стриптизер, којшто ѝ е соработник на Кејти. Беки се забавуваше, сѐ додека не го слушна стриптизерот како ѝ вели дека личи на свиња, а така ѝ викале во средно. Џина ѝ вели дека тоа е смешно, но Беки ѝ се дере и ѝ вели да не се појавуваат на венчавката со Кејти сѐ додека не отрезнат.

Реган, Џина и Кејти останаа во хотелската соба да пијат и да шмркаат кокаин. Реган не може да се помири со фактот дека Беки се мажи пред неа. Кејти ја облекува венчаницата на Беки, којашто е огромна. Заедно со Реган го облекуваат фустанот и токму кога Џина ги слика, фустанот ќе се скине. Тие побеснуваат и го носат фустанот кај хотелиерот, но тој не може ништо да направи. Во меѓувреме, Реган разговара по телефон со нејзиното момче, којшто ѝ кажува дека нема да може да присуствува на венчавката бидејќи има работа во медицинското училиште. Тие гледаат дека на Кејти и тече крв од носот врз фустанот. Во ходникот на хотелот наидуваат на Дејл и неговиот кум, но тој е со заврзани очи и одат кон стриптиз барот. Тие се разделуваат, но пред тоа Џина се преправа дека го заведува Клајд и му го краде паричникот за да можат да платат за поправањето на фустанот.

Момците се во лимузината и додека се возат кон стриптиз барот зборуваат за жени и за рандевуа. Во меѓувреме, девојките стојат пред продавница за венчаници, ја чекаат сопственичката на продавницата и се заколнуваат дека никогаш повеќе нема да земаат кокаин. Сопственичката на продавницата, Мелиса се појавува и е непријателски настроена кон девојките, особено кон Реган, којашто ја натерала да ја отвора продавницата на сред ноќ. Тие ја лажат и ѝ велат дека Беки сака нова венчаница. Реган одбива да го купат фустанот којшто го наоѓа Мелиса бидејќи тоа е „нејзината совршена венчаница“. Таа вели дека попрво би го лижела тротоарот отколку Беки да го носи тој фустан, а потоа навистина ќе го направи тоа. Додека се случува ова, дознаваат дека Кејти знае да шие. Купуваат конец и сега треба да најдат шивачка машина. Во меѓувреме, Тревор ѝ праќа пораки на Реган за да дојдат во стриптиз барот. Дејл оди да чека во автомобилот и дознава дека доаѓаат другарките на Беки. Трите дами пристигаат, но не ги пуштаат да влезат во барот без машка придружба, па затоа Дејл ги внесува. Тие влегуваат за да го исчистат фустанот. Тревор и вели на Реган да му помогне да му ја наместат Кејти на Џои и со тоа започнуваат историска дискусија. Клајд ѝ се додворува на стриптизетата и сфаќа дека му го нема паричникот. Додека Џина се обидува да го исчисти фустанот, започнува разговор со стриптизета којашто го употребила фустанот како крпа и тоалетна хартија, без Џина да ја забележи. Потоа, Реган ѝ се дере на Џина поради тоа што пробала преку телефон сѐ да ѝ признае на Беки. Девојките почнуваат да се караат и Реган ѝ се дере на Џина и ѝ вели дека таа е крива за сѐ, дури и за нејзиниот абортус. Џина се среќава со Клајд и заедно заминуваат, земајќи го и фустанот. Тревор му вели на Џои да ја однесе Кејти до дома и да има секс со неа, но тој не сака бидејќи таа е на дроги.

Џина и Клајд се расправаат во метрото бидејќи му го украла паричникот и таа сѐ уште е лута за она што се случило меѓу нив. Додека биле во средно училиште, Џина останала бремена од него и морала да абортира без негова помош. Во меѓувреме, Тревор и Реган завршуваат заедно и имаат секс во тоалетот на хотелскиот бар. Беки ѝ се јавува и ѝ вели да дојде во нејзината соба. Клајд и Џина одат кај мајка му на Клајд, којашто се сложува да го поправи фустанот. Клајд прави палачинки, а Џина се обидува да го добие дилерот на кокаин. Тој ѝ го фрла телефонот надвор и ѝ вели дека повеќе не може така. На крај, гледаат стари фотографии и тој ѝ кажува дека тој ден не можел да дојде затоа што бил многу тажен. Одат во неговиот тоалет каде што тој ѝ пушта една компилација од песни што ја снимил за неа во средно и на крај имаат секс. Џои и Кејти си заминуваат сами и одат на пливање на отворениот базен во хотелот. Си раскажуваат приказни за забави и таа му кажува дека пред една година пробала да се самоубие. Тој ја бакнува и излегуваат од базенот. Потоа имаат секс, но Џои и кажува дека многу му се допаѓа и дека му е битно како ќе имаат секс. Не сака да биде со неа само на пијано. Меѓутоа, Кејти не може да се сети ни на неговото име. Тој заминува и двајцата се изнервирани. Реган оди во собата на Беки, којашто се чувствува лошо за сѐ што се случило претходно. Таа ѝ се заблагодарува на Реган за сѐ што сторила за неа, но Реган полека оди во тоалетот и и остава уште една порака на Џина, на телефонот. Беки ја отвора вратата и ја наоѓа Реган како се обидува да поврати. Се потсетуваат на деновите од средно и тоа како Беки ја прифатила вината за тоа што Реган заболела од булемија. Реган е готова да ѝ каже на Беки за фустанот, но во тој момент доаѓа мајка ѝ на Беки и вели дека е време да се подготвува.

Џина и Клајд се будат. Таа го зема фустанот и излегува. Подготвувачите на забавата го бараат фустанот и се збунети бидејќи не знаат каде би можел да биде. Џои ѝ кажува на Реган дека Кејти се заклучила во тоалетот и дека нема да излезе. Џина го поправила фустанот и го враќа кај шивачката во хотелот и ѝ вели дека е поправен, но дека треба да се исчисти. Најпосле ѝ се јавува на Реган да ѝ каже дека фустанот ќе биде готов за 40 минути. Реган ја наоѓа Кејти во тоалетот на којашто изгледа дека ѝ е досадно. Џои сфаќа дека Кејти ги испила таблетите коишто му ги дал Тревор во стриптиз барот и побарал болничари. Реган ѝ брка со прстите во грлото на Кејти за да ги поврати таблетите и таа повраќа на фустанот на Реган. Реган ѝ кажува на нервозната Беки дека фустанот исчезнал. Џина му тропа на врата на Тревор и го мава со ѓезве заради тоа што му ги дал таблетите на Џои. Потоа трча по Реган и Беки, но не успева да ги стигне. Се качува во исто такси со Клајд и тој ѝ вели дека треба да бидат заедно. Беки им се дере на мајка си и на Реган во таксито и им вели дека ги мрази. Пристигаат на венчавката, но Беки сѐ уште ѝ се дере на Реган. Потоа се појавува Џина со фустанот и Беки ја забележува дамката од крв, но се помирува, поминува меѓу клупите во црквата и ги остава Џина и Реган, којашто има повраќаници на задниот дел. Кејти пристига подоцна и трите заедно седат на една клупа и ја следат церемонијата. На дочекот, Џои и Кејти разговараат и се бакнуваат, Реган се обидува да заспие а Клајд одржува непристоен говор за тоа како имал секс со Џина претходната вечер. Вели дека тоа би го правел засекогаш и почнува да и ја пее песната „I'm Gonna Be“, по што ја бакнува. Филмот завршува со сцената кога четирите девојки танцуваат.

Глумечка екипа[уреди | уреди извор]

• Кирстен Данст во улога на Реган Крафорд

• Ајла Фишер во улога на Кејти Лоренс

• Лизи Каплан во улога на Џина Мајерс

• Ребел Вилсон во улога на Беки Арчер

• Кајл Борнхајмер во улога на Џои Кинг

• Џејмс Марсден во улога на Тревор Греам

• Адам Скот во улога на Клајд Годард

• Пол Корнинг во улога на Џек

• Ендру Ренелс во улога на Мени

• Хејс Мекартур во улога на Дејл

• Хорејшио Санз во улога на едно привлечно момче

• Шона Мајлс во улога на Тереза

• Ен Дауд во улога на Викторија

• Ела Реј Пек во улога на Стефани

• Мелиса Стивенс во улога на една издрогирана стриптизета

• Визл во улога на газдата на стриптиз барот

• Џун Дајан Рафаел во улога на една дрска стриптизета

• Арден Марин во улога на Мелиса

Прифатеност[уреди | уреди извор]

Филмот доби различни оцени од критичарите. Беше оценет со 55% од вкупно 76 критики на „Rotten Tomatoes“, а општата изјава за филмот е дека: „и покрај тоа што има некои посебни моменти, на крајот завршува многу мирно со три поинакви показатели коишто ја издаваат предвидената, сентиментална, завршна сцена што го нарушува свежиот, искрен хумор во текот на филмот.“

Џејмс Берардинели го оцени филмот со 0 ѕвездички и изјави дека: „Понекогаш, некој филм е толку лош што посакувам да отидам на некои далечно место и никогаш повеќе да не погледнам ни еден филм. Филмот „Моминска вечер“ (од анг. „Bachalorette“) е токму таков . Неговата содржина би го номинирала за најлош филм од 2012 година.“

Стивен Холден од весникот „Њујорк Тајмс“ (од анг. „The New York Times“) даде пофални критики за филмот и изјави дека „филмот „Моминска вечер“ (од анг. „Bachalorette“) е зајадливо напишан, уште подобро одигран и може да се оправдаат еквивалентите на машките главни улоги со оние од серијата на филмови „Мамурлак“ (од анг. „Hangover“ )... и предизвикува реакции со интензитет на митралез оган.“

На платформите на „VOD“, филмот го достигна првото место на „iTunes“.

Домашни изданија[уреди | уреди извор]

Издавањето на „DVD“ и „Blu-ray“ се одложи за на 19 март 2013 година.