Марта (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марта (роман)  
АвторГорјан Петревски
Наслов на
оригиналот
Марта
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски

Мартароман за деца и младинци од македонскиот писател Горјан Петревски.

Авторот за романот[уреди | уреди извор]

Самиот автор го опишал создавањето на романот „Марта“ на следниов начин:

Едно од мноштвото писма кои пристигнуваа до „Вљубената страница“ во списанието „Наш свет“, испратено од Ракотинци, крај Скопје, со печат од 19.12.1985 год., а потпишано со шифра „Несреќната Емона“ ми направи силен впечаток и ме инспирира да го создадам романот „Марта“. Името Марта го позајмив од, во тоа време, едно многу мило и симпатично девојче на мои пријатели, ќерката на Иванка и Иван Карадак, познатиот сатиричар, автор и режисер на емисијата „Хихирику“. Е, сега, тоа писмо напишано на три-четири страници со искрена исповед до мене, беше доволно да се развие приказна, која, на мое задоволство, им се допаѓа на младите. И, не само ним, „Марта“ ја читаат и возрасните.

Како ја пишував „Марта“? Најпрво замислата ми беше насловот да биде „Лажниот витез“, и да направам телевизиска серија од десет, а најмалку од шест епизоди. Го направив и сценариото и учествував на анонимниот конкурс во МТВ. Серијата беше добро оценета од жирито, но за жал, до снимање и нејзина реализација не дојде!

Содржина[уреди | уреди извор]

На почетокот од романот се наоѓа следниов предговор:

На Дафинка Н. за да знае:
она што никогаш нема да дојде,
а кон кое упорно чекориме,
н`е прави силни во животот.
А целта? Крај на борбата од која многу сме очекувале,
но малку сме добиле.
Авторот[1]


Романот има 32 глави.

1 -Тешко прашање за оној што најмногу се сака-Кога момчињата почнуваат да се загледуваат во девојчињата-Љубовни тајни на дланките-Која е најлесната лекција од „физика“ за сите одделенија. . .
„Мамо, кажи ми кој ми е татко?“
2 -За бегалците од часови -„мртва природа“ за појадок „Кај чичко Стоилко“ -Лекарско оправдување од гинеколог за изгубените часови во училиште -Начин на јадење што може да биде заразен и смртоносен -Акробации во училишниот двор како начин на додворување -Какви суштества се девојките -Кога некој не е фудбалер, туку „друмска убавица“. . .
-„Дива, но привлечна! А ќе ја уловам. Нема да ми избега. Имам метод за сето тоа. И што е најважно, сепак, малечкава како да загриза. . .“
3 -Продолжување на дијалогот што ја подгрева љубомората -елегантен старец што прогласува „првоборци“ -Некој прикриено ги следи „првоборците“ -Сеќавање на еден жесток „аплауз“ во нечие лице -Неочекуваниот бакнеж го пече образот -Некој прославува поради тоа. . .
-. . .Пред да се разделат, Марта, сосема неочекувано, го бакна Борко во лицето! Тој, одеднаш како да се збуни, не му се веруваше. . .
4 -Време кога девојките се „ни мали ни големи“ -Големите тајни тешко се доверуваат -Кога таткото не знае дека има ќерка што го носи неговото име -не му е лесно на оној што со раѓањето го оставиле пред нечиј праг -Низ животот што личи на филм храброста може да биде и лудост. . .
-Храброста е- лудост! Го напуштив градот со крената глава, но и со насолзени очи. знаев дека нема да посакам да се вратам. Таму од каде што си заминал навреден, фрлаш камен за да не се вратиш. . .
5 -Првата средба со татковиот лик во стариот албум со фотографии -Кога таткото личи на момче со мотор што лудо вози низ градот -Љубовта и по многу години не гасне лесно -Никогаш не се знае какво време ќе донесе ветрот. . .
-Ти го сакаш, мамо. И тоа многу го сакаш. . .
6 -Таа ноќ сонот заминуваше со ветрот -Некој доаѓа во сонот да ја помилува Марта -Кога спомените надоаѓаат, сонот заминува -Колку се лажни соништата. . .
-А мајката? И таа е будна и залудно го довикува сонот што не доаѓа. Пак пропатува во домот за незгрижени деца, се врати таму од каде што почна нејзиниот живот. . .
7 -Најтажната ученичка во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ -„Кардиолошка“ состојба во седмо-седум -како се додворуваат девојчињата -сендвич за девојчето што не излегува на одмор -Тајната и некој друг ја дознава -Возењето на мотор не е здрав спорт . . .
-Ако сакаш да знаеш, Марта не те сака! Залудно си го трошиш бензинот со моторот по Марта!. . .
8 -Повратник од Швајцарија -оној што ја сака Марта настојува да и` помогне да си го пронајде татка си -Вујко му на Борко не може да помогне во разрешувањето на загатката -Швајцарија е земја каде што владее ред. . .
убаво е , Борко, да имаш своја родбина што ќе ја очекуваш да се врати. Ете, како вујко ти. А јас? Кого имам во светов освен мајка ми?. . .
9 -Како да се врати изгубената радост -Не насети Марта дека некој ја следи во паркот -Каратист против тројца силеџии -пријателство со оној што влезе во борба за да ја одбрани -со цвет во раката поинаку се размислува -Нова страница во дневникот. . .
Можеби и татко ми ќе влезе во ваква пресметка? За да ме спаси од опасност? А ме заштити оној на кого најмалку му верував?! И што ќе се случеше ако не ги победеше?! Не, овој Витан е многу храбар и ми личи на татко ми. . .
10 -Краток извештај: операцијата успешна, пациентот жив и здрав -Актери што можат да играат во секој филм од Хичкок -Јунак од филмовите на француското подземје -дали е „лесен“ женскиот свет. . .
-Нема да верувате, ама желба ми беше да станам актер. И да играм улога на негативен јунак во некој филм. такви улоги отсекогаш ме привлекуваа. . .
11 -Адреса од Швајцарија што може нешто да промени и да ја разреши загатката -нервозен телефонски разговор помеѓу Марта и Борко -за вистинска љубов се потребни двајца, а од љубовта се раѓа љубомората -добро е да се има силен и бестрашен пријател . . .
-Токму тој , Борко! Но, она што рече не е вистина. Ти не го познаваш. Не го познавав ни јас. Тој е поинаков. сега му должам благодарност и сигурна сум дека не е лош. . .
12 -Кога се чека да помине Марта за в училиште -дедо Илија забележал во паркот „дива дружина“ со мотори на чело со некој водач „Билмез“ -Нешто што не мириса на јунаштво -Кавалерско однесување кон сосетката стефанија. . .
13 Војка меѓу младите кај фонтаната -Нема да помине Марта таму каде што Борко ја чекаше -Како може да се задоцни в училиште -причината за задоцнувањето треба да се нацрта во блокот по ликовно воспитување. . .
14 -зошто Марта тој ден не сакаше да ја придружува Борко - Дрдорливата Емилија го упати Борко кај фонтаната -Кога помислуваш дека и очите те лажат -Час кога ти се причинува дека сè одеднаш си изгубил -ништо не им можеш на солзите што не можат да запрат. . .
15 -Дали од настинка може да се умре -Била љубов за еден ден, а најдолго за една пролет, зашто една љубов покрива друга -Љубовта најчесто е заблуда -страшно е чувството што има едно име: љубомора. . .
16 -Маневарска муниција за часот по математика -Грбот на Иван Грозниот -Марта како „Боинг 707“ -Ѕвонко Спаски на крајот од часот -Десетпати да се напише задачата од тетратката -Во август „Пресметка кај ОК Коралот“. . .
17 -Секој за својот товар си мисли дека е најтежок -Животот е фурија и не знаеш каде ќе те одвлече -Треба да се одржи главата високо исправена. . .
18 -Писмо до Марта од Швајцарија -Кога претседателот заборава дека е претседател -Непристојно е да се отвараат туѓи писма -Дали Марта навистина го сака Витан -Кога некој има долг јазик од овде до Америка -Фалсификат-печат за слободната карта од Емилија -Зошто Борко стана обична егзотична билка. . .
19 -Писмо што срцето само го пишува -Како ќе поверува некој дека има ќерка што сака да го види, а тој не ја познава -Дали зад сето тоа се крие и друга тајна -колку се рамнодушни луѓето што работаат на шалтерите . . .
20 -Важни сознанија за витештвото на Витан од сигурни извори -подмолен начин на освојување девојки -Се групираат само оние што се слаби сами да дејствуваат -Сите податоци зборуваат дека витезот е лажен. . .
21 -дедо Илија го нема под липите -Борко се распрашува за неговото исчезнување -Кога некои нешта не можат да се објаснат -Како да сфати Марта дека „витезот е лажен“ -Вратите на вистината не можат да останат затворени. . .
22 -Некој се врати од Азурниот брег -Средба во летната бавча на хотелот „Турист“ -Треба јуначки да се страда, а гордоста не се валка -Кога Марта ќе се дотера, блеска како липа -Како се заборава „аплаузот“. . .
23 -Однесувањето на Марта в училиште станува сè понеобично -Кога сонцето е далеку на часот по хемија -Некој Марта ја прогласува за јунак на часот -„Фото-шок“ за Марта по предметот хемија -Вонреден „Бал на вампирите“ за седмо-седум. . .
24 -Кога ноќите се долги -Дали Марта може нешто да ја изненади -Кого го голтна месечината -Каков воспитувач може да биде улицата -Како може да се избега од сонот -Марширање по кујната за вечера. . .
25 -Надежта никогаш не треба да се изгуби -Кога на Витезот в очи му се кажува дека е лажен -Час кога битката се губи од неочекуваниот противник -Крв по лицето на новиот јунак кај фонтаната -никој не знае дека станал јунак -Мајка ѝ трага да ја пронајде Марта. . .
26 -Мајка му на Витан сака да ја запознае Марта -влегување во неуреден стан -Марта доцна ја сфаќа измамата -Спасувачко ѕвонење на вратата -Препознавање на силеџиите -Фосили на заедничка фотографија -скрчено огледало. . .
27 -Марта залудно го бара Борко кај фонтаната -Средба што не слути на добро -Дијалог што на мајката не ѝ се допаѓа -Кога е некој очаен не се остава сам -Исечена коса пред огледалото -Мајчиниот крик ја исполнува собата од Марта -треба најбрзо да се стигне до болницата. . .
28 -Кога квалитетот на бозата бил подобар -Борко искрено си признава дека не му се учи -сите славни сликари имале некоја несреќна љубов -Портрет на Марта по сеќавање -Некој го бара Борко по телефон -Со цвеќе в рака кон болницата -Секоја глупост мора да се плати -На Борко пак очите му беа влажни . . .
29 -Марта дури сега сфати дека сите ја сакаат -Блиску е сонцето штом доаѓа убавата Ана во посета -Како единицата станува „четири на пет“ -Необично писмо адресирано за Марта -Цутот на липите е граница меѓу пролетта и летото. . .
30 -Треба да се знае да се живее -Некој тагуваше по косата од Марта -Дали е пресудна старата слава за успехот в училиште -не можеш да го изгубиш она што си го немал -Среќата доаѓа преку бубамарата. . .
31 -Доаѓањето на Марта, празник во станот -Елегантно облечен човек во автомобил со странска регистрација -Кога миксерот паѓа од рацете на изненадената мајка -писмото од Марта и солзи во мјачините очи -Писмо на кое не може да се напише одговор . . .
32 -Кога се напушта болницата и срцето пее -Подготовка за значајна средба -Говорот на тајниот глас на крвта -Пријателите треба да се поздравуваат -предлог на госпоѓицата Марта до господинот Мартин Горски за лудување со мотор -Одговорот на писмото е насмеан и убав, со зелени очи -Кога смеењето е здраво. . .

Изданија на книгата[уреди | уреди извор]

Романот „Марта“ има доживеано повеќе изданија, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горјан Петревски, Марта, Детска радост, Скопје, 2006.
  2. Горјан Петревски, Марта, Скопје: М-Графика, 2001.