„Мак Млин“ - Чешиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мак Млин
Mak Mlin
ВидАД
Дејностмелничарска, прехранбена
Основано1997
СедиштеЧешиново, Македонија
ул. АСНОМ бр.2,
Чешиново
,
Република Македонија
Производибрашно, ориз

МАК МЛИН — претпријатие од мелничарската и оризопроизводствената индустрија од с. Чешиново, Македонија. Една од најголемите мелници во Кочанскиот Регион и Источна Македонија и меѓу најголемите производители на ориз во Македонија.

Историјат[уреди | уреди извор]

Мелницата за брашно на „Мак Млин“

Д.П.Т.У. МАК МЛИН доо увоз-извоз Чешиново е основано во 1997 година со основна дејност: преработка на мелнички производи, трговија на големо и мало, увоз-извоз и превоз на стоки. На почетокот успешно се занимава со трговија на големо и мало, како и со увоз-извоз, со солиден годишен приход. Во 1998 година започнал со изградба на фабрика за производство и преработка на мелнички производи. Финансирањето било од сопствени средства, а фабриката била пуштена во производство во март 1999 година. Денес таа има капацитет за преработка на 12.000 тони пченица годишно.

Дејност[уреди | уреди извор]

Основната активност и е производство на брашно Тип-500 и Тип-400, интегрално брашно, ‘ржано брашно, производство на трици и пченичен крш. Се произведуваат производи со врвен квалитет, што е резултат на новата технологија. Капацитетот на производство изнесува е 1500 кг/час.

Силосите на „Мак Млин“ во Чешиново

Репроматеријалите се набавуваат со откуп од поединечни земјоделци при што МАК МЛИН има воспоставено кооперативни односи со околу 5000 поединечни земјоделски производители кои веќе со години ги пласираат производите во фабриката.

На почетокот на 2000-та започнато е со изградба на фабрика за преработка на ориз, исто така, со сопствени средства. Капацитетот е пуштен во прозводство во октомври истата година. Оризова арпа се набавува од поединечните производители од општината Чешиново-Облешво, како и од соседните општини во Кочанско кој е најголемиот регион во кој се одгледува ориз во Македонија и пошироко.

Во 2002-та отпочнавме со ново инвестициско вложување за изградба на силоси за складирање на пченица, со капацитет од 5.000 тони, односно 4 ќелии од по 1.300 тони. Новоизградените силоси се пуштени во употреба во 2002 година.

Во 2003 година на тендер за продажба купена е нова Фабрика за преработка на ориз, со магацински простор кој е целосно реновиран. Оваа фабрика денес работи со полн капацитет. Во дел од магацинскиот простор отворен е погон за пакување на бел ориз во мали пакувања.

Во 2014 година воведена е нова производна линија, производство на оризов гриз и пченичен гриз кој производ е побаруван на странските пазари.

Брашна од производството на „Мак Млин“

Во 2014 година е отворена современа лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата, брашното и оризот. Лабораторијата е акредитирана во 2015 година од страна на Институтот за акредитација на Р Македонија според стандард МКС EN/IEC 17025:2006, за тестирање на жита, ориз и брашно, земање примероци од житарки и производи од житарки.

Опремена е со најсовремен уред Infratec 1241 FOSS кој работи на принцип NIT (инфрацрвена светлина) кој е наменет за автоматска, брза и прецизна хемиска анализа на цело зрно и брашно. Анализите ги дава во рок за една минута.

Falling Number FN1305 е светски признат метод наменет за испитување на алфа амилазната активност на брашното. Неговата работа се заснова на брзо желатинизирање на суспензијата од брашно во епруветата, преку кое се утврдува одредување на вискозност на брашното според времето на паѓање на мешалката на дното според активноста на амилазата.

Farinograph – AT е светски признат метод за определување на апсорпција на вода и реолошки одлики со користење на Farinograph. Extensograph _ E е светски признат метод за определување реолошки одлики со користење на Extensograph, определува енергија, отпор, растегливост и односен број помеѓу отпорот и растегливоста.

Лабораторијата е опремена и со специјални сита за пченица и брашно кои ни ја олеснуваат работата за отстранување на примеси во пченица и за одредување на гранулација на брашното кое се испитува.

За во понатамошна иднина планираме да ја збогатиме лабораторијата со уште нови уреди кои ќе ни го подобрат квалитетот на резултатите а со тоа и да ја прошириме работата со повеќе задоволни клиенти.

Цел на лабораторијата Мак Млин Доо е со имплементација на најновите научни методи да стане водечка лабораторија во поширокиот регион за вршење на квалитативни анализи на жита, ориз и брашно.

Производство[уреди | уреди извор]

Асортиманот производи на „Мак Млин“
  • Количина на откупена пченица од домашно производство изнесува 6.700 т, а увезена пченица околу 1.900 т.
  • Количина на сомелена пченица на годишно ниво изнесува околу 8.600 т
  • Количина на финален производ од пченица – Брашно, на годишно ниво вадиме околу 6.300 т, а вкупна количина на продадено брашно изнесува изнесува 6.000 т.
  • Количина на сточна храна – трици на годишно ниво – 2.800 т.
  • Продажба на сточна храна на годишно ниво – 2.500 т.
  • Количина на откупена арпа на годишно ниво 1.700 т
  • Количина на откупен бел ориз на годишно ниво – 350т
  • Количина на продаден ориз на годишно ниво – 970 т.
  • Капацитетот на производство – 1500 кг/час.

Галерија[уреди | уреди извор]

Фабрика за производство на ориз
Мелница за брашно
Лабораторија
Ресторан