’Рт Хорн
Хорн | |
---|---|
Cabo de Hornos | |
Географија | |
Хорн на карта | |
Земја | Чиле |
Регион | Магаљанес и Чилеански Антарктик |
Хорн [1] (шпански: Cabo de Hornos) — ’рт и најјужната точка на архипелагот Огнена Земја (во јужниот дел на Чиле) која се наоѓа на Островот Хорн. Честопати ’Ртот Хорн се наведува како најјужната точка на Јужна Америка,[1] но сепак Островите Диего Рамирес се наоѓаат појужно од него. ’Ртот Хорн ја претставува северната граница на Дрејковиот Премин и го означува местото каде што се спојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан.
Географија и екологија
[уреди | уреди извор]’Ртот Хорн се наоѓа на Островот Хорн во Хермитската група на острови, на јужниот крај на архипелагот Огнена Земја.[2] [3] Тој го означува северниот раб на Дрејковиот Премин - протокот помеѓу Јужна Америка и Антарктикот. Се наоѓа во Националниот парк Кабо де Хорнос.
'Ртот се наоѓа во чилеанските територијалните води, а чилеанската морнарица таму изградила резиденција, помошна зграда, капела и светилник.
Растителен и животински свет
[уреди | уреди извор]Истражувачка експедиција од 2019 година открила дека на Островот Хорн расте најјужното дрво на светот, магелановата бука најчесто свиткана до земја поради силниот ветар.[4] ’Ртот Хорн е најјужната граница на подрачјето на кое живее магелановиот пингвин.[5]
Клима
[уреди | уреди извор]’Ртот Хорн има субполарна океанска клима (Cfb), со обилни врнежи - од кои најголем дел паѓа како студен дожд. На групата острови околу ’Ртот Хорн нема метеоролшка станица; но со една студија од 1882-1883 година се установило дека годишните врнежи изнесуваат 1537 мм, а просечната годишна температура 5,2 °C. Просечната брзина на ветровите е 30 км/ч, а има и бури со ветрови од преку 100 км/ч кои можат да се јават без оглед на годишното време. Има 278 врнежливи денови (од кои 70 дена со снег).
Ветар
[уреди | уреди извор]Силниот ветер во ’Ртот Хорн, кој секогаш дува од запад кон исток, е дел од западните ветрови во умерениот појас и ја создава струјата на западните ветрови. Морнарите кои го заобиколиле ’Ртот Хорн и се спуштиле под 50 географската ширина ги нарекле „Бесните педесетти“.
Морски Струи
[уреди | уреди извор]Морската струја крај ’Ртот Хорн е дел од струјата на западните ветрови , и е насочена од запад кон исток (од Тихиот Океан кон Атлантикот). Брзината на површинскиот слој е од 1 до 4 km/h. Студената струја околу ’Ртот Хорн ги покрива површинските слоеви на водата и носи санти мраз.
За време на јунската краткодневица денот трае 6 часа и 57 минути, а за време на декемвриската долгодневица денот трае околу 17 и пол часа.
Откривање и историја
[уреди | уреди извор]’Ртот Хорн бил откриен и првпат заобиколен во 1616 година од Холанѓанецот Вилем Шутен и Белгиецот Јакоб Ле Мер, кој го именувал по градот Хорн во Холандија. Со децении, ’Ртот Хорн бил дел од рутата, по која трговските бродови носеле стоки низ светот. Водите околу ’Ртот Хорн се особено опасни поради силните ветрови, големите бранови, силните струи и сантите мраз .
Во септември 1578 година, Френсис Дрејк, додека го обиколувал светот, поминал низ Магелановиот Проток кон Тихиот Океан. Неговите бродови наишле на бура и биле оддувани јужно од Огнена Земја. Големото водно пространство го навело Дрејк да претпостави дека Огнена Земја не е друг континент, како што претходно се верувало.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Лажен 'Рт Хорн
- 'Рт Добра Надеж
- 'Рт Ливин
- Бигл Конфликтот - Граничниот спор меѓу Чиле и Аргентина ги погодува блиските острови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „'Рт Хорн | Македонски.гов.мк“. makedonski.gov.mk. Посетено на 2022-01-04.
- ↑ Cape Horn the Terrible Архивирано на 18 март 2011 г., by Paolo Venanzangeli; from Nautical Web. Retrieved February 5, 2006.
- ↑ Cabo de Hornos, by Mariolina Rolfo and Giorgio Ardrizzi. From Patagonia and Tierra del Fuego Nautical Guide, Editrice Incontri Nautici, 2004. ISBN 978-88-85986-34-3
- ↑ Welch, Craig (July 2020). „The tree at the bottom of the world—and the wind-blasted trek to find it“. National Geographic. Посетено на July 13, 2020.
- ↑ C. Michael Hogan. 2008. Magellanic Penguin, GlobalTwitcher.com, ed. Nicklas Stromberg Архивирано на 7 јуни 2012 г.
- ↑ Voyage of the Golden Hind Архивирано на 4 јануари 2005 г., from The Golden Hind. Retrieved February 5, 2006.