’Рт Колка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Латвија. ‘Ртот Колка е прикажан на западниот брег на Ришкиот Залив како негова најсеверна точка.

’Рт Колка (ливонски: Kūolka nanā, латвиски: Kolkasrags, старoгерманско име - Domesnes, руски: Колка или мыс Домеснес) – ‘рт на Балтичкото Море, близу влезот во Ришкиот Залив, на ливонскиот брег, во Курландија, историскиот регион на Латвија. ‘Ртот е обиколен со теснецот Ирбе кој служи како природна граница со Естонија. ‘Ртот Колка претставува најсеверозападната граница на Ришкиот Залив. Источно од ‘ртот се наоѓа островот Рухну (Естонија) кој лежи во средината на заливот.

Во близина на ‘ртот се наоѓа фарот Колка и истоименото село. Долж брегот на Балтичкото Море има редица питорескни ливонски населби.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]