‘Рт на Стравот

Од Википедија — слободната енциклопедија
„'Рт на стравот“
РежисерМартин Скорсезе
ПродуцентБарбара Де Фина
Главни улогиРоберт Де Ниро
Ник Нолти
Џесика Ланг
Џулиет Луис
Џо Дон Бејкер
Роберт Митчам
Грегори Пек
МузикаЕлмер Бернштајн
КинематографијаФреди Францис
МонтажаТелма Шонмејкер
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиераноември 13 1991 (1991-11-13)
Времетраење127 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$35 милиони
Бруто заработка$182.3 милиони

'Рт на стравот (англиски: Cape Fear) е американски филм од 1991 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро, Ник Нолти, Џулиет Луис, Џесика Ланг, Роберт Мичам, Грегори Пек итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

По отслужувањето на долгогодишната робија, Макс Кејди (го игра де Ниро) се враќа во едно мало место, со намера да му се одмазди на адвокатот Сем Боуден (го игра Нолти). Макс бил осуден за силување и претепување на една девојка, но за време на судењето неговиот адвокат Боуден намерно скрил еден важен документ којшто би му помогнал да добие многу помала казна. Првично, Макс ја следи сопругата на Сем, Ли Боуден (ја игра Ланг), но подоцна ја запознава нивната ќерка, Даниеле Боуден (ја игра Луис). Уште од првиот ден, Сем е вознемирен од присуството на Макс и постојано се обраќа до судот и полицијата со молба да го протераат Макс од градот. Кога сфаќа дека полицијата нема да преземе ништо, бидејќи Макс е слободен граѓанин, со помош на еден свој пријател, Сем се обидува самостојно да се справи со Макс, дури го скршува и законот. Сепак, сите негови обиди завршуваат неславно: Макс успева да ги победи тројцата хулигани, ангажирани од Сем со намера да го претепаат Макс; во друга прилика, Макс ги снима заканите што му ги упатува Сем итн. Макс исто така е немилосрден убиец и силувач. Претходно силувал колешка на Сам и го убил семејното куче на Боуден, што го вознемирува семејството.

Оттука, Сем се одлучува на очајнички чекор - да го убие Макс. За таа цел, тој се преправа дека оди на пат, а всушност, се крие во својот дом, чекајќи да дојде Макс. Тој го остварува овој план со помош на својот пријател Клод Керсек. И навистина, Макс доаѓа, но успева да ги убие слугинката на семејството Боуден и Клод. Исплашеното семејство Боуден бега од градот, засолнувајќи се во малото место, 'Рт на стравот, но Макс лесно ги открива. Додека семејството Боуден се вози со малиот брод, ненадејно ги напаѓа Макс, семејството е принудено да се бори против него. По долга и мачна борба со него, Сем успева да го совлада Макс и да го спаси семејството, а Макс се удавува во реката.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]