Цемент

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Цементарница)

Цемент е заеднички поим за средство за врзување во градежништвото во форма на прав, кое помешано со вода се стврднува или се слепува со делови од друг цврст материјал. Се употребува за изработка на бетон, цементен малтер, вештачки камен, заштита на железото од корозија итн.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите траги на примена на ваков начин на сврзување на материјали наоѓаме уште пред нашата ерa. Старите Римјани граделе градби најчесто од гипс со додаток на пуцолијанска земја. Со пропаѓањето на старата Римско Царство таквите сврзни материјали биле заборавени. Пронаоѓањето на денешниот цемент е врзан со Велика Британија. Џејмс Паркер во 1796 го патентирал својот пронајдок roman cement кој го добил со печење на варовник и извесна количина на глина под точката на топење. Во Франција, Луј Вика ги испитувал сврзните својства на roman cement. Во Русија во тоа време цементот го испитувал Јегор Челијев. Во Велика Британија Џозеф Еспдин во 1824 година го патентирал portland cement сврзен материјал од печена а потоа и мелена мешавина на веровник и глина. Дури во 1884 година кога Ајзак Џонсон смесата од глина и варовник ја донел до температура на топење па потоа изладената смеса ја мелел во ситен прав, добиен е квалитетен portland cement. После тоа брзо се градат нови фабрики за цемент - во 1846 во Франција, во 1855 во Германија, во 1856 во Русија а првата фабрика за цемент на балканот била изградена во 1865 во Беочин.[1]

Цементот е суровински материјал за производство на бетон и други градежни материјали за различна примена.

Цементот како прашкаст врзивен материјал, спаѓа во групата на неоргански хидраулични врзивни средства.

Хидрауличните врзивни средства зацврстуваат во присуство на вода со создавање на кристализациони производи, кои се нерастворливи во вода. Од таа причина хидрауличните врзивни средства можат да зацврстуваат под вода, односно да бидат без влијание кога се подложни на постојано дејство на вода.

Цементот е еден од најважните и најмногу користени материјали во градежништвото. Цементот откако ќе зацврсти има значајна атхезиона моќ со минерални и други агрегати, челик, тули што овозможуваат негова најширока примена во изработка на конструкција од неармиран или армиран (пренапрегнат бетон), ѕидни конструкции од тули и природен камен, потоа при изработка на внатрешни и надворешни малтерски облоги и сл.

Најчесто користени типови и видови цемент го вклучуваат нашиот Портланд цемент и хидрауличното врзивно средство Усјемал.

Нашиот сив Портланд цемент е врзувачки материјал со висок квалитет и со висока рентабилност. Ги задоволува сите применливи хемиски и физички барања и се користи во сите сфери на градежништвото, од градење домови, училишта, болници до тунели и аеродроми. Вистински Цемент за секоја потреба.

Нашиот сив Портланд цемент е тип на цемент кој се прави од мелен клинкер, гипс и природна позолана (суровина добиена од вулкански карпи) и летечки пепел. • Поrtland-cement.................................................................... PC k • Поrtland-cement со додаток на згура до 15% .................... PC 15z k • Поrtland-cement со додаток на згура od 15% do 30%....... PC 30z k • Поrtland-cement со додаток на pucolan до 15% ............... PC 15p k • Поrtland-cement со додаток на pucolan od 15% do 30%.. PC 30p k • Поrtland-cement со me{an dodatok do 15%....................... PC 15d(z;p) k • Поrtland-cement со me{an dodatok od 15% do 30%......... PC 30d(z;p) k • Metalur{ki cement................................................................ M k • Metalur{ki cement со додаток на pucolan......................... Mp k • Пуцолански цемент од природен или вештачки пуцолан..... P k 10 Се врши според стандардот МКС Б.Ц1.012: Начин на испорака, пакување, сместување и земање на примероци за испитување. Неправилното земање на примерокот може битно да влијае на точноста на крајните резултати од испитувањето. • Проба за испитување на цемент може да се земе во следните случаи: Земање на примерок во текот на производството Земање на примерок за атестирање Посебни случаи на земање на примероци ‐ кога е потребно комплетно испитување на цементот, за цемент кој подолго од три месеци е чуван складиран во силоси или во магацини спакуван во вреќи, ‐во случај на рекламација на квалитетот на цементот. Во текот на производстото примероци се земаат од исто место и на ист начин. Просечен дневен примерок кој подоцна примерок, се хомогенизира, се добива со земање на 1кг цемент 6 пати дневно на: уредот за полнење на вреќи или на отворите за полнење на цементот во цистерни или контејнери.

Масата на примерокот за атестирање изнесува 18кг. Таа се хомогенизира и се дели на 3 дела од по 6 кг. Првиот дел од 6 кг се користи за атестирање, вториот за компаративни испитувања на производителот а третиот се чува кај производителот најмалку 1 месец по издавањето на атестот. Земање на примероци на цемент од вреќи се врши со специјална сонда која е составена од 2 концентрично поставени цевки кои се отвораат или затвораат со вртење на внатрешната цевка. Затворената сонда се втиснува дијагонално во вреќите, се отвора, се полни, се затвора, се извлекува и се празни. Примероци се земаат од 12 вреќи кои не лежат на под или на надворешната страна на наредените вреќи. Земањето на примероци од машините за полнење и пакување се врши 12 пати во приближно еднакви количини и со четвртање се издвојува посебен примерок

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vojna Enciklopedija - Beograd, 1971