Оригами
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. Зборот оригами, потекнува од ору што значи виткање и гами што значи хартија. Квадратната хартија вообичаено има површина од 15 cm x 15 cm и постои во разни бои или јапонски дизајни.
Традиционалното Јапонско оригами се состои од виткање на хартија наречена уаши, во различни облици и со сечење и со лепење. За разлика од ова, во денешното оригами обично само се витка.
Историја
[уреди | уреди извор]Самата хартија била измислена во Кина и стигнала во Јапонија во 7 век. Оттука, оригамито почнало да се прави за време на празници и се збратимило со религиозните церемонии. Оригамито како занимација започнало во периодот Муромачи (1338-1573) кога почнале да се прават кукли и слично. Особено било популаризирано во периодот Едо (1603-1868).
Бои
[уреди | уреди извор]Боите на создадените модели специфираат чувства и односи, како на пр:
- Црвената - љубов и страст.
- Кафеавата - приземјеност, пријателство и лојалност.
- Зелената - хармонија, рамнотежа и здравје.
Денес
[уреди | уреди извор]Најпопуларизираната форма на оригами во денешно време е Оризуру (вид штрк). Некои веруваат дека доколку се направат 1000 оризуру и се поврзат заедно, може да се излечи човек од каква било болест (т.е., да се исполни желба). Денес подарок од овој тип може да се најде покрај некои кревети во болниците во Јапонија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Оригами“ на Ризницата ? |
- Модуларно оригами
- Оригами техники
- Кинеско виткање на хартија
- Пепакура
- Ноши
- Хартиено авионче
- Кусудама
- Оригамска архитектура
- Список на оригами сајтови со дијаграми
Извор
[уреди | уреди извор]- Јошијуки Араисо и Џин Мур, 1994, Јапонско-англискиот разговорен речник за Јапонија, Обунша. ISBN 4-01-075023-5