Омметар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аналоген омметар

Омметар — електричен мерен инструмент наменет за одредување на големината на електричната отпорност во омови или во помали и поголеми единици (mом, ком, Мом). Според принципот на работа може да се поделат на аналогни и дигитални.

Аналоген омметар[уреди | уреди извор]

Најчест вид е инструмент со подвижен калем (намотка). Калемот со стрелка е придвижуван во поле на перманентен магнет и отклонот одговара на големината на струјата низ намотката.

При промена на мерното подрачје на аналогниот омметар, всушност се преспојуваат разни вредности на сериски отпорник, погодни за даденото мерно подрачје.

Принцип на работа[уреди | уреди извор]

Нелинеарност на скалата на омметарот

Принципот на работа на едноставен аналоген омметар е следниот. Изворот на електрична енергија со познат напон (често батерија) е споен сериски со позната отпорност во омметарот (преку преклопка во зависност од мерното подрачје). Од Омовиот закон одредена е големината на струјата која овој склоп ја предизвикува, на пример 1 милиампер при батерија од 9 волти и отпорник од 9 килоома.

Ако во оваа сериска врска се додаде непознат отпорник, струјата низ колото ќе падне, што може да се отчита на фабрички баждарената скала на омметарот. Ако непознатиот отпорник ја смали струјата во колото на половина, тогаш неговата вредност е 9 килоома. Оној од 27 килоома ќе ја намали струјата на четвртина од оригиналната вредност, и така нелинеарно понатаму. Заради ова и скалата на омметарот е нелинеарна.

Дигиталen омметар[уреди | уреди извор]

Овие омметри вообичаено се во склоп на мултиметри кои поддржуваат разни електрични мерења. Мерењето на отпорноста обично се изведува индиректно, со мерење на падот на напонот на отпорник со позната вредност и сериски поврзан со извор на електрична енергија со познат напон. Колку е поголема отпорноста на непознатиот отпорник, помала е струјата низ колото и помал е падот на напонот на отпорникот вграден во инструментот. Претворањето на аналогниот напон се врши со аналогно-дигитален претворач и вредноста на напонот се прикажува на дисплејот на инструментот.

Поврзување и симбол[уреди | уреди извор]

Омметарот секогаш се поврзува со електричното коло кога не тече струја низ него, односно уредот кој го испитуваме е исклучен. Во спротивно, струјата од колото може да протече низ инструментот и да го оштети.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]