Етимологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Етимологија е наука за потеклото на зборовите. Меѓу различните светски јазици постојат зборови што се изведени од други јазици, обично во прилагодена форма - изворните зборови во овие случаи се наречени етимони. Низ прегледување на стари текстови и споредби на различните јазици, етимолозите се обидуваат да го реконструираат минатото на зборовите - кога тие влегле во одреден јазик, кој е нивниот извор, и како нивната форма и значење се измениле.